Усик приведен на аеродром во Полска, Зеленски збесна
Причината за апсењето на Усик не е позната, но украинскиот претседател Володимир Зеленски многу брзо се огласи преку социјалната мрежа Телеграм:
„Бев бесен од односот кон нашиот граѓанин и шампион. Нашиот шампион беше приведен, но и ослободен и никој повеќе нема да го приведе“, најави Зеленски.
Усик беше многу посмирен во пораките по неговото ослободување.
„Пријатели, сè е во ред. Имаше недоразбирање кое брзо беше решено. Ви благодариме на сите за грижата. Почит за полските службеници за спроведување на законот кои ги извршуваат своите должности без разлика на висината, тежината, должината на рацете и титулите“, рече Усик преку Instagram.
Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха најави дека ќе стапи во контакт со полските колеги за да ги разјасни околностите за „неприфатливото однесување кон шампионот“.
Покрај тоа што е светски шампион, Усик е и национален херој во Украина поради финансиската помош што ја дава на својата татковина, која беше нападната од Русија во февруари 2022 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Google ја победи ЕУ, поништена казната од…
Google го доби судскиот спор против Европската…
Усик приведен на аеродром во Полска, Зеленски…
Причината за апсењето на Усик не е…
Руски дронови и ракети летаат над Романија,…
НАТО мора да понуди „силен, координиран“ одговор…
Руската контраофанзива во Курскиот регион е запрена,…
Руската контраофанзива за враќање на областите под…
(Видео) Нови експлозии во Либан: Експлодирале воки…
Воки-токи користени од либанската група Хезболах експлодирале…