Красниќи најави укинување на „паралелните општини“ на Косово: Не знам кога, но сите ќе бидат затворени
Косовскиот министер за локална самоуправа, Елберт Красниќи, во интервју за „Фронтал Т7“ бил запрашан за затворањето на „паралелните општини“ во Косово, на што одговорил дека сите ќе бидат затворени, пишува „Газета експрес“.
Како што пренесува „Коссев“, Красниќи бил запрашан за општината во Грачаница и предупредил дека и таа ќе биде затворена.
„Да го направиме овој разговор денеска, а темата беше затворањето на канцеларијата во Грачаница, ќе кажете зошто не се затвораат на северот. Во Косово нема место за српските институции. Не го знам датумот кога ќе се затвори. Не сакам да банализирам, но ќе се затвори и паралелната канцеларија во Србица“, рекол тој.
„По Призрен, Драгаш, Клина, Исток, на ред дојде и Митровица. Сè ќе биде затворено. Ниту една паралелна општина нема да може да постои на Косово“, кажал министерот Красниќи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кина меѓу главните земји од кои се…
Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
Србија е загрижена поради поддршката на Црна…
Српското Министерство за надворешни работи изрази загриженост…
Косово ќе прифати до 50 мигранти од…
Косовската влада денес одлучи да прифати до…
КФОР, ЕУЛЕКС и косовската полиција ја спроведуваат…
Припадници на КФОР, ЕУЛЕКС и косовската полиција…