Таравари очекува доизградбата на новата болница во Штип да почне наредната година

t

Министерот за здравство Арбен Таравари при денешната посета на Клиничка болница-Штип изјави дека се надева оти градежните активности кои се стопирани на новиот објект на болницата ќе продолжат наредната година.

Имаме повторно одлука на Влада, со која се дава овластување на Министерот за здравство да ја даде целокупната документација на сите заинтересирани компании, коишто би отишле во Кичево и Штип и би ги видели болниците и одлучат, да ни дадат каква проекција имаат, како мислат понатаму да продолжиме. Наш топ приоритет се Клиничката болница-Штип, Клиничката болница-Тетово и Општата болница во Кичево, којашто замислете почнато е да се гради 1996 година и се уште е карабина, изјави Таравари.

Министерот Таравари посочи дека на денешната средба со раководството на болницата и директорот Владко Захариев разговарале за потребните апарати, недостаток од кадар, а старата зграда какошто вели Таравари не е сменета од 2017 година, кога првпат ја посетил болницата, како министер.

Така да денеска конкретно имаме и нов апарат, кој е доделен од министерството за здравство во вредност од околу 200.000 евра. Тоа се средства на министерството се работи за ендоскоп и лапараскоп и цистоуредоскоп, којшто се користат и за дигестивна хирургија, односно торакална хирургија и за урологија. Досега апаратот веќе се користи и докторите се задоволни од користењето на апартот, вели Таравари.

Тој додаде дека Клиничките болници во Штип и Тетово се важни за да функционираат, бидејќи Штип покрива повеќе од 300.000 жители во државата. Министерот за здравство, Арбен Таравари и заменик министерот за здравство, Јовица Андовски денеска беа во посета на Клиничка болница-Штип.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Таравари очекува доизградбата на новата болница во…

Министерот за здравство Арбен Таравари при денешната…

Две возила излетаа од пат во околината…

Малолетник е повреден, а три лица се…

Возач е тешко повреден откако автомобил излета…

Денеска (04.09.2024) во 00.30 часот во СВР…

Затвореник се повредил во Идризово – починал…

Осуденик се повредил во затворот во Идризово,…

Херојски е спасен штипскиот пожарникар Александар од…

Штипскиот хуманитарец и пожарникарот Александар Горгиевски вчера…