АКО ИМАТЕ АРХИВСКИ МАТЕРИЈАЛИ, ПОДАРЕТЕ ГИ! Јавен повик од Државниот архив до граѓаните
Државниот архив во интерес на имателите и истражувачите од државата и странство постојано презема активности за откривање и евидентирање на архивските материјали што се наоѓаат во приватна сопственост.
– Ги повикуваме сите граѓани кои имаат архивски материјал (документација) да покажат општествена одговорност и да го подарат на Државниот архив како институција која се грижи за колективната меморија и историското минато. На приватните иматели (или правни наследници) им се нуди можност да подарат архивски материјал кој е од особено значење за националната и локалната историја, како и за општествено-политичкиот, стопанскиот и културниот живот во минатото. На подарениот архивски материјал во Државниот архив и неговите одделенија му се обезбедува соодветно сместување, физичко-техничка заштита, стручно-научно истражување, проучување и обработка како и негово користење за научни цели – велат од Архивот.
Архивскиот материјал наменет за подарување се категоризира според неколку критериуми меѓу кои единственост, реткост и неповторливост на архивскиот материјал, сочуваност, изворност и авторство. Имателите и создавачите на архивски материјал се категоризираат според времето, местото, улогата во функционирањето во државниот, политичкиот, стопанскиот и културниот живот. Од подарените архивски материјали ќе се формираат архивски фондови, кои во иднина ќе им бидат достапни на истражувачите и од нив ќе произлегуваат вредни изданија од областа на политичката историја, историја на секојдневниот живот, културната историја и сл.
Сите заинтересирани може да се обратат на телефонскиот број 02 3237 211 локали 121 и 122, директно во Државниот архив, Кеј Димитар Влахов бр. 19 во Скопје или на следната e-mail адреса: [email protected].
Информации за подарување архивски материјал може да се добијат и во одделенијата на Државниот архив во Скопје, Тетово, Охрид, Битола, Прилеп, Струмица, Штип, Велес и Куманово, чии контакт-информации може да се најдат на нивната веб-страница www.arhiv.mk.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
АКО ИМАТЕ АРХИВСКИ МАТЕРИЈАЛИ, ПОДАРЕТЕ ГИ! Јавен…
Државниот архив во интерес на имателите и…
ПЕЈЏЕРИТЕ ДО ПОСЛЕДЕН ДЕЛ БИЛЕ ПРОИЗВЕДЕНИ ВО…
Експлозивот „ПЕТН“ бил користен од Израел во…
Бербок: Доколку Украина падне, Молдавија е следната
Поддршката за Украина го гарантира опстанокот на…
Бразил ќе остане неутрален во војната меѓу…
Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва…
Мета им забрани пристап на РТ и…
Мета им објави забрана за пристап на…