Објавено на:

Трамп: Ако не победам на изборите, Изpаел нема да поcтои

t

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп изјави дека американските еврејски гласачи ќе бидат делумно виновни доколку тој ги загуби изборите на 5 ноември од потпретседателката Камала Харис, кандидатот на демократите.

За време на Националниот самит на израелско-американскиот совет во Вашингтон, поранешниот претседател се пожали дека заостанува зад Харис меѓу американските Евреи.

Израел најверојатно ќе престане да постои во рок од две години доколку Харис победи на изборите, а Евреите ќе бидат делумно виновни за тој исход, бидејќи тие имаат тенденција да гласаат за демократски, тврди Трамп.

– Ако не победам на овие избори – и еврејскиот народ навистина би имал многу влијание со тоа, затоа што ако 40 проценти, мислам, 60 проценти од луѓето гласаат за непријателот. Израел, според мое мислење, ќе престане да постои во рок од две години“, порача Трамп.

Трамп цитираше анкета која покажа дека Харис има предност од 60 отсто од гласовите меѓу американските Евреи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Или сте со нас, или против нас“…

Откако САД најавија „економска војна“ против Иран,…

Пентагон: Над 750 американски војници ранети во…

Вкупно 757 американски војници се ранети од…

Америка крие тела на четири вида вонземјани,…

Научник, кој со децении работел со програмата…

Израел: „Ердоган ја намамува Турција во опасни…

Израел испрати ново остро предупредување до Турција,…

Долгот на САД за првпат надмина 40…

Јавниот долг на САД за првпат ја…