Адвокатот на Палевски: Кога е убиена Вања, Палевски бил во банка – Имаме медицинска документација за лекувањето во Турција

t

Адвокатот на Љупчо Палевски Палчо кој се изјасни како невин за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски тврди дека неговиот клиент за време на убиството на Вања Ѓорчевска бил во Халк Банка за што постои и видео снимка.

Додека за време на убиството на Панче Жежовски тој воопшто не бил во Велес.

Што се однесува до наводите за бегство на Палевски одбраната тврди дека има медицински белешки дека во тој момент Палчо бил на лекување во Турција.

-Како бранител на обвинетипт Палевски можам да се произнесам во однос на начинот на кој беше водена постапката против него, во време на водење на истражната постапка, бил надвор од Република Македонија, за свои потреби заминал во Турција, имаме доставено лекарска документација и други податоци.

Истрагата е водена vo услови кога не бил присутен во РМ и сите дејствија се преземани во отсуство, а медиумското известување беше уште пред да дојде во Македонија во насока дека е осуден за најтешки кривични дела. Во одбраната се укажува дека не е сторител на кривичните дела, по однос на било какво планирање и сторување на длеата истиот нема никаков удел.

По завршување на истражната постапка, обвинетиот лично се има обратено до ОЈО за определени докази. По неговите барања воопшто не е одгооврено, односно не е постапено. Не беше постапено и немаме ниту еден доказ во таа насока, јас како бранител се имам обратено до повеќе вешти лица, секаде одбиваа да се вклучат во оваа постапка, не можам да најдам вешти лица да се извршат вештачења. Обвинетиот, по негово тврдење, на наведениот датум ниту имал било каов контакт, ниту бил во Велес на конкретната дата. Нема никаков траг дека е тоа тој, дека тоа лице е Палевски, дека го зел телефонот од Панче Жежовски, за Љупчо Палевски нема ниту еден материјален доказ.

За останатите обвинети има пронајдени траги, не сакам да обвинувам никој, меѓутоа за Палевски нема материјални докази и траги.

По однос на тоа дека на еден ист осомничен три дена да се зема исказ и на последниот исказ од него да се добијат точни информации и податоци, укажува на тоа дека овој исказ е даден по инструкции (зборува за останатите обвинети). Има такви контрадикторности, не постои ниту еден доказ, дури има писмен доказ од службена белешка, од видео надзор на камери, дека во Велес има три лица во возилата, што само по себе е потврда на одбраната на обвинетиот дека тој нема никава врска со тоа кривично дело,а ќе доставиме докази каде се наоѓал за време на сторување на тоа кривично дело.

Баравме податоциод ОЈО извештај за телефонскиот број на Палевски, но такво нешто не добивме. Халк Банка не ни дозволува да дојдеме до податоци дека обвинеитот за време на извршување на делото бил во Халк Банка, но судот може да добие такви податоци. Бараме судот да ги прибави тие податоци, не добивме податоци и од ЈП Улици и патишта за користење на возилото Фиат, но добивме одоговр дека не можеме да добиеме такви податоци. И тука барам од судот да го прибави тој податок.

Се обратив до СВР Велес за податоци за еден од обвинетите, СВР Велес извести дека податоците се доставени до Јавно Обвинителство, но ние не го добивме тој податок. Низ постапката ќе се докаже дека обвинетиот не е виновен за делата за кои се товари.

Сметам дека паушално е обвинението на ОЈО, ниту има доказ дека бил од планот, дека имало договор, доказите не се совпаѓаат, времето не се поклопува, со што се потврдува нашата одбрана. Палевски не е извршител, ниту пак бил дел од организацијата на овие кривичи дела, вели адвокатот на Палевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Димитриоска Кочоска: За нула евра сме ја…

Во овој момент за нула евра сме…

„Супорт Кочани“ ја покри целата вредност на…

Организацијата „Супорт Кочани“ ја прими првата пратка…

Жалбата на пратеничката Мојсоска уважена: Собранието ќе…

Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, на својот…

Москва тврди: Западот подготвува провокација против американски…

Руската Служба за надворешно разузнавање (СВР) обвини…

Арсовска го фати жив Ѓорѓиевски: На УСЈЕ…

Добро утро Орце Ѓорѓиевски. Незгодно ми е…