Објавено на:

(Видео) Израел го нападна Либан – Силна експлозија во Бејрут!

t

Израелската војска соопшти дека денеска извршила „целен напад“ врз либанската престолнина, додека два безбедносни извори изјавија за Ројтерс дека јужните предградија на Бејрут биле погодени.

„ИДФ изврши таргетиран напад во Бејрут. Засега нема промени во одбранбените директиви на командата на Домашниот фронт“, соопшти израелската војска, без да даде детали.

Ројтерс јавува дека густ облак од чад може да се забележи над Бејрут, а жителите пријавиле дека слушнале силна експлозија. Според извештаите на медиумите во Либан, нападот се случил во предградијата на Дахија, за која Израел тврди дека е упориште на милитантната група Хезболах, пишува The Times of Israel.

https://x.com/narrative_hole/status/1837125053336670406?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1837125053336670406%7Ctwgr%5Ea4077645e28789a7190c5dbe340217047a706b0f%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fa1on.mk%2Fworld%2Fvideo-izrael-go-napadna-liban-silna-eksplozija-vo-bejrut%2F

Претходно денеска, Хезболах лансираше 150 ракети во правец на северен Израел, објавувајќи дека целел повеќе локации долж границата со ракети Качуша, вклучително и неколку бази за противвоздушна одбрана и штаб на израелска оклопна бригада, за која тврдеше дека е првиот погоден. Новата размена на оган доаѓа по серијата експлозии на комуникациски уреди во вторникот и средата, при што загинаа најмалку 37 лица, меѓу кои две деца, а повеќе од 3.000 беа ранети во Либан.

Либанската влада и милитантната група Хезболах го обвинија Израел за нападот. Тел Авив не ги коментираше тие наводи, но министерот за одбрана Јоав Галант најави дека Израел влегува во „нова фаза“ од војната.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Израел го нападна Либан – Силна…

Израелската војска соопшти дека денеска извршила „целен…

Со сечење на џиновската пастрмајлија почна штипската…

Со сечење на џиновската пастрамајлија и официјално…

[ВИДЕО] Најомразеното видео на “YouTube” има дури…

"YouTube" е платформа позната по својата неверојатна…

Гвардиола: Халанд беше чуван од шест играчи…

Ерлинг Халанд на дуелот со Интер во…

Ди Марија: Не можевме да спиеме од…

Бенфика со трите бода се враќа од…