УКРАИНА СТАВИ ДУРИ И САНКЦИИ ЗА РУСИЈА, ИРАН И КИНА: Зеленски потпиша важен декрет, еве кој е засегнат од мерките

t

Претседателот на Украина Володимир Зеленски ја спроведе одлуката на Советот за национална безбедност и одбрана со воведување нови санкции против шест лица и повеќе од 40 компании од Иран, Кина и Русија.

Зеленски потпиша два декрети.

Со првиот декрет беа воведени санкции за шест физички и 40 правни лица од Русија, Иран и Кина за 10 години.

Вториот декрет воведе санкции за две компании – руската приватна компанија Мајак Шип Лајтинг Плант и Федералното државно претпријатие Казан државна фабрика за прав.

Во двата декрети се наведува дека Министерството за надворешни работи на Украина мора да ги информира надлежните органи на Европската унија, Соединетите Американски Држави и другите земји за санкциите и да го покрене прашањето за воведување слични рестриктивни мерки со нив.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

УКРАИНА СТАВИ ДУРИ И САНКЦИИ ЗА РУСИЈА,…

Претседателот на Украина Володимир Зеленски ја спроведе…

Белоусов: Руската армија самоуверено напредува во насока…

Вооружените сили на Русија самоуверено напредуваат во…

Уапсени Турци во Карпош: Незаконски престојувале во…

Двајца Турци уапсени синоќа во скопски Карпош.…

Забележан манијак во Центар, се соблакал пред…

Вчера во 12.40 часот во СВР Скопје,…