Објавено на:

Xоpор пред познат клуб во Алабама – гостите кои чекале да влезат биле заcтpелани од возило во движење, има загинaти

t

Најмалку четири лица загинаа во пукање пред популарен ноќен клуб во Бирмингем, Алабама, доцна синоќа

Престрелката се случила нешто по 23 часот, а според првичните информации напаѓачот од возило во движење пукал кон луѓето кои чекале да влезат во клубот „Хуш“.

Очевидци велат дека по звукот изгледало дека истрелите се испукани од автоматско оружје.

Двајца мажи и една жена починале на лице место, додека четвртото лице починало во болница.

Според медиумите, ранети се уште десетина лица.

Екипите на итната помош пренеле најмалку осум лица во болница, додека уште неколку лица биле донесени со приватни возила.

Полицијата смета дека имало повеќе напаѓачи, а засега никој не е уапсен.

Полицијата соопшти дека побарала помош од ФБИ во истрагата, повикувајќи ги граѓаните кои биле сведоци на злосторството да излезат и да кажат што виделе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мосад им помогнал на Македонија и на…

Израелските разузнавачки информации споделени со Грција и…

САД извршија напад врз иранска локација за…

Американската војска денеска изврши нови воздушни напади…

Ѓорѓиевски: Скопје ги консолидира финансиите, реализира капитални…

Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски го…

Мицкоски од Брисел: Продолжуваме со активен дијалог,…

Премиерот Христијан Мицкоски, во рамки на работната…

Захарова: Француските војници во Украина ќе бидат…

Доколку Франција испрати свои војници во Украина,…