ДУИ: Соопштенијата на ВРЕДИ против ДУИ им ги пишува ВМРО-ДПМНЕ

t

„Денес, неколку албански политички субјекти, кои влегоа во владата преку поддршката од македонските партии, издадоа неосновано соопштение против ДУИ и нашиот лидер, Али Ахмети. Најзагрижувачки е грешката на крајот од оваа изјава, каде што е оставена реченицата „преведете го на албански“, што открива дека овие соопштенија се напишани од нивните македонски патрони, ВМРО-ДПМНЕ, а потоа им се предадени на нив“ реагираат од опозициската ДУИ.

Оттаму велат „Овој факт јасно покажува дека овие субјекти не ги претставуваат интересите на албанската заедница, туку се алатки во служба на туѓи интереси. Со овој срамен чин, тие јасно покажаа дека немаат политичка независност и дека се користат за да ги нападнат интересите на Албанците и да го оцрнат угледот на ОНА и ДУИ“.

„ДУИ силно го осудува овој политички манипулациски чин и им упатува повик на Албанците да не ја толерираат оваа отворена предавничка постапка. Албанскиот народ заслужува достојно и искрено претставување, а не политички актери кои следат туѓи сценарија. ДУИ и Али Ахмети ќе продолжат да ги бранат интересите на Албанците, со транспарентност и достоинство, како и секогаш. Ние остануваме цврсто посветени на нашата агенда за напредок на Албанците во оваа земја“ се вели во партиската реакција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Манасиевски: Го повикуваме ЈО да постапи по…

Венко Филипче на вчерашната прес-конференција откри и…

ВМРО-ДПМНЕ: Пред да биде предоцна, Филипче да…

Венко Филипче е во специфична психолошка состојба,…

Петрушевски: Дали Филипче е пред договор за…

Венко Филипче, кој е познат како личност…

ВМРО-ДПМНЕ: Каракачанов посоодветно е да ги покани…

Во однос на поканата на Каракачанов до…

Милошоски: СДСМ ги саботира измените на изборното…

ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува инцијативата на министерот за…