Анкета на Си-Ен-Ен: Харис ја зголемува предноста пред Трамп
Потпретседателката на САД, Камала Харис има поддршка од 50 отсто, додека поранешниот претседател Доналд Трамп има поддршка од 47 проценти во трката за претседателската функција, објави Си-Ен-Ен во својата анкета, која ја нарекува „анкета на сите анкети“.
Иако резултатите се во рамките на типичната маргина на грешка, тие укажуваат на мало поместување во корист на Харис во споредба со анкетата пред дебатата на Еј-Би-Си Њуз. Во тоа време, според „анкетата на сите анкети“ на Си-Ен-Ен, Харис имаше 49 отсто, а Трамп 48 отсто поддршка.
„Анкетата на сите анкети“ на Си-Ен-Ен вклучува просечни резултати од пет анкети спроведени по дебатата на Еј-Би-Си Њуз на 10 септември.
Денешната анкета на Ен-Би-Си Њуз, пак, покажува дека Харис има 49 посто наспроти Трамп 44 отсто, што е најниско ниво на поддршка за поранешниот претседател во која било анкета откако Харис влезе во трката кон крајот на јули.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Макрон му порача на Нетанјаху дека двете…
Францускиот претседател Емануел Макрон денес за време…
Спасовски: Една година од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ,…
Една година од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ Македонија…
САД ја продолжија вонредната состојба во Западен…
САД ја продолжија националната вонредна состојба во…
„Пиреj” на Петре М. Андреевски номиниран за…
Романот „Пиреј“ на Петре М. Андреевски преведен…
Српската полиција уапси шест лица за „планирање…
Српското Министерство за внатрешни работи вечерва објави…