Херцог: Негирам каква било вмешаност во операциите во Либан
Израелскиот претседател Исак Херцог, говорејќи за британската телевизија Скај њуз, негираше вмешаност на Тел Авив во операцијата за детонација на пејџер во Либан.
-Негирам каква било вмешаност во оваа или онаа операција – рече Херцог.
Меѓутоа, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека Израел „го погодил Хезболах на начин што не можеле ни да го замислат“.
-Ако членовите на Хезболах не ја разбрале пораката, ви ветувам, ќе ја сфатат – рече Нетанјаху и повтори дека жителите на северен Израел ќе се вратат во своите домови откако ќе бидат евакуирани поради заканите на Хезболах од Либан.
Утринава Хезболах од либанска територија истрела 85 ракети врз северен Израел, при што беа повредени три лица, додека израелските сили вршат нов бран воздушни напади врз цели на Хезболах во Либан и се закануваат дека ќе ги интензивираат нападите.
Во исто време, медиумите претходно објавија дека Израел бил директно вклучен во подготовката на операцијата, а како што пренесува Еј-Би-Си Њуз, операцијата за детонација на пејџер во Либан била планирана најмалку 15 години.
Хезболах соопшти дека го смета Израел за „целосно одговорен“ за нападот и дека ќе одговори на него.
Израелските власти се уште не го коментираа инцидентот, ниту пак ја презедоа одговорноста.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Необична светлина над Шар Планина: Жител…
Жител на Брезовица вчера вечерта забележал и…
Македонија претпоследна во Европа по минимална плата
Според најновите податоци на Евростат, Македонија е…
Филков: Максим Димитриевски кандидат во Куманово, ЗНАМ…
Претседавачот на Централниот одбор на ЗНАМ Игор…
Нема веќе “Никогаш Северна”: Седум години од…
На денешен ден, 17 јуни, пред точно…
СТАНАРИ ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ БАРААТ ПОМОШ ОД…
Две години жителите во зграда на булевар…