(Фото) Нова провокација од Изети Меџити: Во Обединети Нации се фотографираше со албанското знаме

t

Првиот вицепремиер и Министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, денеска учествуваше на Самитот на иднината во Обединетите нации. Овој самит собра повеќе од 150 лидери на држави и влади од целиот свет за да разговараат за предизвиците и можностите поврзани со иднината на човештвото.

„Како прв потпретседател на Владата на Република Северна Македонија, учествував на Самитот на Иднината во Обединетите нации, каде заедно со високата државна делегација, вклучително и претседателката Гордана Силјановска Давкова и министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, ја претставувавме нашата земја во овој голем глобален настан. Овој самит собра повеќе од 150 лидери на држави и влади од целиот свет за да разговараат за предизвиците и можностите поврзани со иднината на човештвото“, рече Меџити.

Но наместо со предизвиците со кои се соочува човештвото првиот вицепремиер се занимава со национализам и етно-шовинизам од најнизок вид.

Наместо да биде достоен и благодарен на државата која ја претставува, Меџити направи ниска провокација кон сите граѓани на Република Македонија фотографирајќи се со албанското знаме.

Се поставува прашањето зошто државата троши пари за Меџити да ја претставува кога очигледно првиот вицепремиер покажува благодарност само кон едно знаме и една држава, а тоа е Албанија.

Ова не е изолиран случај. Да се потсетиме дека претходно Меџити се фотографираше со албанското знаме во Владата на координација на која присуствуваа само министри Албанци. Можеби министерот треба да се обиде да започне политичка кариера во соседна Албанија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Севернизација“ во Собранието: Од 41 закон се…

Владата и министерствата ја бетонираат „северна“. До…

Пожар изби во Ајфеловата кула во Париз,…

Во тек е евакуација на Ајфеловата кула…

Кривична пријава за даночно затајување за сопственик…

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава…

Кривичен ја одби жалбата за притвор на…

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје…

Владата со препорака Службен весник да ја…

Транспарентна влада е силна влада! Еден значаен…