Трамп: Ако ги изгубам изборите, нема да се кандидирам во 2028 година
Доналд Трамп во интервју емитувано денеска ја отфрли можноста да се кандидира на претседателските избори во САД во 2028 година во случај на пораз на изборите во ноември.
-Не, не се гледам себеси во тоа, не се гледам себеси. Мислам дека ова ќе биде тоа – рече републиканскиот кандидат (78) во емисијата „Целосна мерка“.
Сепак, поранешниот претседател изјави дека верува во успех на 5 ноември, кога ќе му се спротивстави демократката Камала Харис.
Откако претседателот Џо Бајден се повлече од претседателската трка, исходот од претседателските избори е понеопределен од кога било. Доналд Трамп и Камала Харис се рамо до рамо во неколку држави кои најверојатно ќе бидат одлучувачки за севкупниот исход на изборите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…
Украинската армија доби нов командант
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…
Експлозија во резиденцијата на норвешкиот амбасадор во…
Експлозија се случила вечерва во резиденцијата на…
ПДПР со демант и објаснување на денешниот…
Реакција и демант По повод видеото што…
Макрадули: Секогаш кога ДПМНЕ е на власт…
*Објава на Фејсбук на Јани Макрадули: -…