Во руски воздушен напад на Запорожје, ранети најмалку 16 цивили
Најмалку 16 цивили се ранети, меѓу кои и едно 15-годишно момче, во руски воздушен напад врз југоисточниот град Запорожје доцна во неделата, соопштија украинските власти во понеделникот, пренесе Ројтерс.
Гувернерот на Запорожје, Иван Федоров, на „Телеграм“ изјави дека Русија извршила најмалку седум напади врз градот и околните области и оштетила 13 станбени згради, образовни институции, автомобили, гаражи и приватни станови.
Министерството за внатрешни работи на Украина соопшти дека, според прелиминарните информации, Русија користела воздушни бомби со наведување КАБ во нападот на Запорожје.
Украинската агенција наведува дека во текот на вчерашниот ден руските сили извршиле вкупно 363 удари врз 12 населени места во областа Запорожје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Избоден е малолетник
Вчеравечер во 21.30 часот во с.Копачиндол, тетовско,…
Во руски воздушен напад на Запорожје, ранети…
Најмалку 16 цивили се ранети, меѓу кои…
ИСТОРИСКИ УСПЕХ: Тони Лазов освои сребрен медал…
Актуелниот државен првак на Македонија во шах…
КАКО НА ФИЛМ: Македонец бегајќи од косовската…
Македонски државјанин бил уапсен од косовската полиција…
(Видео) Кавадаречки хулигани нападнаа членови од управата…
Иако се чинеше дека се смирија страстите,…