Објавено на:

Скопската Сеизмолошката опсерваторија потсетува какви мерки да се преземат во случај на земјотрес

t

Земјотресот што беше почувствуван ноќеска два часа по полноќ е повод скопската Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет да потсети на тоа какви мерки треба да се преземат во случај на посилен земјотрес.

„По случениот земјотрес изутринава во град Скопје, во 2:02 часот по полноќ, со локална Рихтерова магнитуда ML=3.4, кој ги вознемири жителите на град Скопје, Велес, Свети Николе и околните населени места, ја користиме оваа прилика да се потсетиме на мерките за заштита од земјотрес. Ве замолуваме да го скенирате QR кодот кој ќе ве упати кон мерките за заштита пред, за време и по случен земјотрес“, велат од Сеизмолошката опсерваторија.

Од Сеизмолошката опсерваторија информираат дека нудат стручни предавања од оваа област на ученици и останати заинтересирани лица и дека контактот може да се оствари преку нивната фб страница и преку веб страницата https://seismobsko.pmf.ukim.edu.mk/, или пак на е-пошта [email protected].

Преку соопштението се упатува и апел за пополнување на прашалник за почувствуван земјотрес и се нагласува дека таквите податоци се од големо значење за работата на Сеизмолошката опсерваторија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скопската Сеизмолошката опсерваторија потсетува какви мерки да…

Земјотресот што беше почувствуван ноќеска два часа…

Чеченскиот воен лидер го обвинува Маск: „Тоа…

Се сеќавате ли на приказните за рускиот…

(Фото) Тешка сообраќајка кај италијанска амбасада: Комбе…

Пред малку кај италијанска амбасада во центарот…

Руско МНР: Украинската војска уби најмалку 31…

Во украинската офанзива врз рускиот регион Курск…

Никовски не запира: По Прилеп и Крушево,…

И оваа година, по 6. пат како…