Вандали фрлиле ѓубре и уништиле дел од опремата во Градски Парк

t

Непознати вандали викендов обиле пункт во кој јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ чува дел од опремата за уредување на зелените површини, при што превртеле и уништиле дел од механизацијата, соопшти јавното претпријатие.

Од „Паркови и зеленило“ објавија фотографии од уништените косилки, клупи, реквизити и други алатки, на кои се гледа обемот на овој вандалски чин.

„Обиен пункт во Градски парк, расфрлани и уништени машини, искршена внатрешноста на видиковец во Парк Македонија, ѓубре расфрлано низ зеленилото во Градски и Рајски парк се сликите кои нашите екипи ги затекнаа овој викенд низ градското зеленило“, велат од јавното претпријатие.

До сега нема информација дали полицијата постапува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вандали фрлиле ѓубре и уништиле дел од…

Непознати вандали викендов обиле пункт во кој…

Нова современа опрема во Градската општа болница…

Во Градската општа болница „8 Септември“ во…

Координирана вандалска акција? За една вечер запалени…

Десетина контејнери се запалени вечерва на булеварот…

(Фото) Хаос во Капиштец: Уништен 40 годишен…

Големото невреме кое попладнево го зафати Скопје…

(Видео) Ќе има нови содржини во паркот…

Во општина Сарај ќе се изградат 6…