Кокаин вреден седум милиони евра завршил во германски супермаркети
Пратки со банани од Јужна Америка, во кои имало вкупно 95 килограми кокаин, „по грешка“ завршиле во филијали на супермаркети во Западна Германија.
Според обвинителството, дрогата била пронајдена во единаесет маркети, пренесуваат германските медиуми. Вредноста на запленетата материја на црниот пазар се проценува на повеќе од седум милиони евра.
Инспекторите веруваат дека погрешната пратка била доставена до централниот магацин и оттаму преку нормалниот дистрибутивен ланец била транспортирана до поединечни продавници. Надлежните се уште истражуваат од каде точно е запленетиот кокаин.
Според полицијата, пратката со банани пристигнала во пристаништето во Антверпен по поморски пат. Оттаму, стоката што содржела дрога најверојатно по грешка била испратена во продавниците. Пратката со дрога во кутиите со банани била откриена пред две недели од вработени во две продавници во Менхенгладбах, кои пријавиле во полиција.
Подоцна во текот на истрагата било откриено дека истиот ден, кутии со кокаин биле пронајдени и во продавниците на тој трговски синџир во Дуизбург, Крефелд и општините Вирзен, Хајнцберг и Нојс во Рајнската област.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кокаин вреден седум милиони евра завршил во…
Пратки со банани од Јужна Америка, во…
ОН: Овие злосторства мора да престанат
Водечките претставници на Обединетите нации бараат „запирање…
ИЗРАЕЛ ПОДГОТВЕН ЗА КОПНЕНА ОФАНЗИВА НА ЛИБАН!…
1,363 / 5,000 Израелските одбранбени сили (ИДФ)…
Вардар: Фрлаа со топовски удари кон нас,…
Фудбалскиот спектакл во Кавадарци заврши со победа…
Навивачите на Партизан ги нападнаа своите фудбалери,…
Навивачите на Партизан многу тешко го поднесоа…