Државна лотарија или приватен бизнис на Мицкоски, Муцунски и Климовски?

t

Што е мотивот за поставување на Александар Климовски за директор на Државна лотарија на Македонија и кој сѐ е испреплетен во пајажината Касинос Аустриа?

На почетокот на август годинава професорот од Правниот факултет, Александар Климовски беше назначен за директор на Државна лотарија, а од Владата соопштија дека професорот Климовски е помеѓу најпознатите и водечки правни експерти во регионот за регулирање на игрите на среќа, а неговите научни трудови се глобално цитирани во реномирани научни списанија. На Правниот факултет при УКИМ предава предмети како што се Право на друштва, Корпоративно управување, Корпоративна етика и Право на игрите на среќа.

И никој не го спори делот со научните трудови на Климовски, но дали во ситуацијава има судир на интерси?

Во анкетниот лист поднесен до Државната комисија за спречување на корупција, Климовски има пријавено, покрај останатиот подвижен и недвижен имот и примања од Акционерско друштво за приредување игри на среќа Државна лотарија на Република Северна Македонија во износ од 18000 денари, но и од Друштво за приредување игри на среќа Државна видеолотарија на Република Македонија – КАСИНОС АУСТРИА ДОО Скопје во вредност од 50000 денари.

КАСИНОС АУСТРИА се партнери на Државна Лотарија, па се поставува прашањето дали во овој случај има судир на интереси, бидејќи директорот на Лотарија има интерес КАСИНОС АУСТРИА од кое има примања, да работи на одреден начин?

Дополнително, ВМРО-ДПМНЕ го блокираше предлог-Законот на ДУИ за ограничување на казината и кладилниците, со кој се предвидуваше, меѓу другото, да се отстранат казината и кладилниците кои се наоѓаат во радиус од 500 метри од образовните објекти (основни и средни училишта).

Во законот исто така беше предвидено дека  со денот на влегување во сила на овој закон приредувачите на игри на среќа во казината, обложувалниците, автомат клубовите и томбола од затворен тип за секое истакнување на назив, реклами, објави и огласи на јавни места како и за назив на деловна просторија, да плаќаат месечен износ од 200 евра во денарска противвредност за секој м2 од површината на која се наоѓа називот, рекламата, објавата и огласот кои средства се уплатат на посебна сметка на општината на чија територија се наоѓа деловната просторија. Уплатените средства од приредувачите на игрите на среќа, општините да ги користат за поддршка на спортот и спортските активности на општината, лицата со посебни потреби, инвалидските организации и здруженијата на граѓани за борба против семејното насилство.

Претходно, во емисијата „Тешки муабети“, уредникот на Инфомакс, Александар Митовски, откри ексклузивни информации зошто ВМРО-ДПМНЕ ги блокираше измените на Законот за игри на среќа. Како што истакна Митовски, Мицкоски има лична релација со КАСИНОС АУСТРИА, односно со еден од директорите, а во целата приказна имало и „кеш на рака“ за ВМРО-ДПМНЕ да ја заштити монополската позиција на КАСИНОС АУСТРИА во Македонија, која со измените на овој Закон ќе беше нарушена.

Дополнително, таткото на сопругата на актуелниот министер за надворешни работи, Тимчо Муцунски, е правен застапник на КАСИНОС АУСТРИА.

Канцеларијата Бубевски е правен застапник токму на Касинос Аустрија една од компаниите со монополска позиција во Македонија кога станува збор за игрите на среќа и една од компаниите која ќе биде најпогодена од евентуална либерализација на пазарот на игри на среќа во Македонија.

Да не заборавиме дека во истиот период кога ВМРО-ДПМНЕ го блокираше Законот за игри на среќа, од седумте кандидати за судии во Граѓанскиот суд, членовите на Судски совет ја избрааа и Симона Бубевска Муцунски, сопруга на градоначалникот Тимчо Муцунски за судијка во Основниот граѓански суд Скопје. Семејството Бубевски/Муцунски е практично, правна династија, со адвокати, нотари, судии и професори на правниот факултет кои сега стануваат министри.

Според информациите на Инфомакс компанијата која се претставува како компанија со австриски капитал (Касинос Аустриа) впрочем е во сопственост на моќници од регионот, Србија, Бугарија, Република Српска, а постои и посериозна руска врска. Меѓу нив и синот на Милорад Додик и останати луѓе блиски до Додик и со силна руска врска која навлегла и во Македонија и се уште ја држи монополската позиција на пазарот.

Токму од оваа причина беше и повлечен австрискиот амбасадор Георг Вуцас кој ги прекрши сите дипломатски правила штитејќи компанија која воопшто не е австриска.

Да се потсетиме дека Вуцас бараше од пратениците од Комисијата за европски прашања да не дадат поддршка за новиот Закон за игри на среќа поради наводна негова неуставност. Реакција од австрискиот амбасадор , Георг Вуцас до Владата и пратениците следуваше откако измените на регулативата за игри на среќа стигна во законодавниот дом.

Набргу по ваквите реакции Вуцас беше повлечен назад во Виена.

Првиот вице-премиер Изет Меџити објави дека Владата одлучила дека се забранува он-лајн коцкањето, што повторно оди во корист на Казино Австрија.

– На денешната седница на Владата се донесе одлука за реализација на толкувањето од Собранието за престанок на важноста на нелегалните лиценци за он-лајн коцкарници издадени од Владата на ДУИ, а со тоа и запирање на он-лајн коцкањето во државата.

Ги стопиравме штетните дозволи кои претходната Влада на ДУИ и СДСМ ги доделија на српски фирми, црногорски и други.

Стопиравме можност нашите деца да имаат коцкарници на своите телефони, во своите компјутери од дома и од училиште.

Ветувањето пред изборите, денес станува реалност.

Остануваме луѓе од збор.

Нема да дозволиме личното богатење на поединци од претходната Влада да биде причина за илјадници осиромашени семејства на наши сограѓани.

Наш врвен приоритет е да ги заштитиме граѓаните. Посебно младите луѓе.

Да ги заштитиме од долгови, банкрот, зависност од коцкање, последователно да ги заштитиме од социјални и фамилијарни потешкотии, да ги заштитиме од судир со законот и нелегални активности кои секогаш се последица на коцкањето.

Отсуството на јасна процедура, претходната Влада свесно ја користела за создавање на нови и нови компании за он-лајн и интернет коцкање.

Интерес имале поединци од врвот на ДУИ и претходната Влада, а штетата била на илјадници наши сограѓани.

Ветивме дека ќе се бориме против ова зло, денес покажуваме на дело.

Нема да запреме додека не создадеме услови за пристоен живот. – напиша Меџити во објава на Фејсбук. Останува да видиме дали оваа „борба против онлајн коцкањето“ ќе значи монопол на Казинос Аустриа и во онлајн коцкањето, како и во игрите на среќа во живо.

Владата, Мицкоски, Муцунски и последно Климовски очигледно повеќе од добро ја знаат ситуацијата со пазарот на игри на среќа во Македонија, па решиле секој на свој начин да ќари дел од колачот, кој преку кеш, кој каок премиер, кој со удели или застапување на Касинос Аустриа. Она што загрижува е немањето на никаква официјална реакција од надлежните органи во државава, ДКСК досега не реагирала за судир на интереси кај Климовски иако во анкетниот лист поднесен до нивната институција се наведени дел од податоците.

Иако информацијата за земање на кеш од страна на, сега веќе премиерот Мицкоски, од претставници на Касинос Аустриа е објавена од страна на Инфомакс пред неколку месеци, од Обвинителството до овој момент не покажале интерес за испитување на случајот, а премиерот Мицкоски не ја демантираше информацијата, ниту пак почна некаква правна процедура за да докаже дека не е така.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски ги замолил Грција и Бугарија за…

Христијан Мицкоски барал безусловна поддршка од Грција…

Македонската кујна на 47. место меѓу најдобрите…

Популарниот гастрономски портал за храна и патувања,…

Рекорден пад на вработените во текстилниот сектор…

Текстилниот сектор во Македонија се соочува со…

(Видео) Oдбраната на Мицевска со која обезбеди…

Голманката на македонската репрезентација Јована Мицевска беше една од…

Државата денеска се задолжува со уште 89…

За денеска се закажани две аукции на…