Ердоган: Како што човештвото го запре Хитлер, така може и Нетанјаху
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во говорот пред Генералното собрание на ОН ги повика Обединетите нации да воведат присилни мерки против Израел, вклучително и самата употреба на сила.
Ердоган реагираше на нападите на Израел врз Либан и цели на Хезболах кои почнаа вчера, и направи неколку споредби со Втората светска војна.
„Како што Хитлер беше запрен од сојузот на човештвото, така и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговата мрежа на убиства мора да бидат запрени од сојузот на човештвото“, рече Ердоган.
Тој ги обвини САД дека продолжуваат да го вооружуваат Израел за да можат да продолжат со масакрите додека јавно се преправаат дека повикуваат на прекин на огнот.
„До кога ќе можете да го поднесувате срамот да бидете сведоци на овој масакр? Земјите кои го поддржуваат Израел се отворено соучесници во овој масакр“, им рече Ердоган на САД и на западните сојузници.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сите на одмор: На „Табановце“ и „Богородица“…
На граничните премини „Табановце” и „Богородица”, времето…
Иран со ново предупредување: Следуваат уште поостри…
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан испрати силна порака…
Прекината истрагата за Панчо од ДНК
Обвинение за 34 физички и три правни…
„На здравје за молкот“
Кратка тажна приказна од нашето секојдневие… Летото…
Дебар Маало ќе се затвора за возила…
Со овој пилот-проект кој веќе е готов…