Хамнеи не гледа знаци на пораз на Хезболах
Иранскиот врховен лидер Али Хамнеи не гледа знаци на пораз на либанската шиитска милиција Хезболах, и покрај убиството на нејзините високи команданти во нападите на Израел, јави ДПА.
Без сомнение тоа беше загуба за Хезболах, но не беше загуба што доведе до нејзин пораз“, рече 85-годишниот ајатолах Али Хамнеи денеска на настанот за ветераните во Техеран.
Тој додаде дека организациската и човечката сила на Хезболах е многу поголема.
Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи предупреди да не се потценува Хезболах. „Тaa е повеќе од способнa да ги уништи базите и колониите на израелскиот режим“, напиша тој на платформата X.
Хезболах се смета за најважен сојузник на Иран на Блискиот Исток, но аналитичарите сметаат дека малку е веројатно Техеран да и помогне во случај на војна меѓу Хезболах и Израел.
Новата иранска влада, предводена од претседателот Масуд Пезешкијан, се бори со тешка економска криза и се обидува да ги обнови врските со Западот. Военото и политичкото раководство во Техеран досега упати само закани против Израел и Западот, но не продолжи со директни напади.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД подготвуваат тест на интерконтинентална ракета среде…
Американските воздухопловни сили планираат пробно лансирање на…
Епидемијата на ебола во Конго е надвор…
Епидемијата на ебола на истокот од Демократска…
Вучиќ до Студентската листа: Ужасно ми е…
Претседателот на пратеничката група „Александар Вучиќ –…
Прекин во услугите на „Епл“: Корисници пријавуваат…
Корисници на „Епл“ на 17 ноември пријавија…
(Фото) СДСМ доживеа дебакл на протестот во…
Најавата на СДСМ за протест во Охрид…