Орбан: Тука сме да помогнеме во решавање на постоечкиот конфликт со Бугарија

t

Морам многу да внимавам да изговарам Cеверна Македонија, за да не настане меѓународен проблем, рече унгарскиот премиер Виктор Орбан утрово во интервју за унгарското Радио „Кошут“ кое емитува програма од брегот на Охридското езеро.

„Порано оваа држава се нарекуваше Македонија, но поради проблемот со Грците мораше да си го сменат името во Република Cеверна Македонија и морам и јас многу да внимавам така да го формулирам, за да не настане некоја меѓународен проблем“, рече Орбан на почетокот од интервјуто.

Запрашан за целта на неговата посета, тој вели дека тука е за помош на Македонија на евроинтегративниот пат, но и други теми.

„И сега имаат еден конфликт со Бугарија кои го блокираат процесот на нивно присоединување кон ЕУ. Поради расправиите околу положбата на националните малцинства, Унгарија како актуелен претседавач со ЕУ, сметавме дека треба како задолжителни да ги посетиме оние држави кои се во најтешка позиција во однос на зачленување кон ЕУ и да им помогнеме, во решавањето на постоечките конфликти. Тоа е една од причините, за која сум тука. Но има и поважна причина, ние имаме и други прашања, кои се важни, а тоа е прашањето на миграцијата“, додава Орбан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хеликоптер слета среде полна плажа во Грција:…

Хеликоптер денеска слета на плажа полна со…

Уапсен Македонец во Прибој: Подготвувал ликвидација за…

Припадници на Министерството за внатрешни работи на…

Полски аплинист падна во недостапен предел на…

Голема спасувачка операција започна денес откако полски…

Пожарот кај Струмица ставен под контрола, огнот…

Големиот пожар што избувна денеска околу пладне…

Италија со нов систем за пресметка на…

Возачите што патуваат низ Италија би можеле…