Од недела дожд, засилен ветер и значителен пад на температурата

t

УХМР информира дека утре ќе се задржи сончево и топло време, но задутре, недела, под влијание на влажна и постудена воздушна маса од север, ќе настапи позначителна промена. Ќе има повремени врнежи од дожд со локална појава на грмежи и силен ветер.

Во понеделник ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, ќе дува засилен северен ветер, а дневната температура значително ќе се намали, за 8 до 10 степени. Потоа, во следните два дена, времето ќе биде сончево со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст.

Во Скопје утре ќе се задржи сончево и топло време. Во недела ќе има повремени врнежи од дожд, локално со појава на ретки грмежи и силен ветер. Во понеделник времето ќе биде променливо облачно и посвежо со сончеви периоди и со засилен северен ветер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ: Очекувам средба со Лавров во Њујорк,…

Зборувајќи за денешната енергетска ситуација, српскиот претседател…

Адмирал на НАТО: Силите на Алијансата се…

Силите на НАТО се подготвени за потенцијален…

Спејс Икс го покани бугарскиот пилот Николај…

„Мојот менаџер беше во Вашингтон, разговараше со…

Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во својство на покровителка,…

(Видео) Масовен напад со дронови врз Москва,…

Москва и поширокиот московски регион во текот…