Човекот осомничен дека продавал пејџери на Хезболах отишол во САД и оттогаш му се губи трагата

t

Норвешката полиција издаде меѓународна потерница за маж поврзан со продажба на пејџери на милитантната група Хезболах.

39-годишниот Ринсон Хозе, основачот на Norta Global, бугарска компанија наводно вклучена во синџирот на снабдување со пејџери, исчезна за време на службено патување во САД минатата недела.

„Вчера добивме дојава дека исчезнало лице поврзано со пејџерите. Отворен е случај за исчезнато лице и по него распишавме меѓународна потерница“, соопшти полицијата во Осло.

Хозе одби да зборува за пејџерите кога Reuters го контактираше на 18 септември и ја спушти слушалката откако беше прашан за работењето на компанијата во Бугарија. После тоа повеќе не одговараше на повиците и пораките на новинарите. Покрај тоа што има своја компанија, Хозе работи и во одделот за продажба на норвешката медиумска компанија DN Media Group.

Работодавецот потврди дека Хозе патувал на конференција во Бостон на 17 септември, но изгубил контакт со него следниот ден. Според бугарскиот корпоративен регистар, Хозе во 2022 година ја основал Norta Global Ltd, компанија со седиште во главниот град Софија.

Бугарските власти ја испитуваа улогата на компанијата во снабдувањето на пејџерите, но не најдоа докази дека тие биле произведени или извезени од Бугарија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За 24 часа горело на 21 место:…

На ден 10.09.2026 година, до 18:00 часот,…

Речиси сите обвинети за „Пулс“ наскоро на…

Дејан Јованов – Деко, сопственикот на дискотеката…

Хашките обвинители бараат шест години затвор за…

Обвинителите во Хаг денес побараа поранешниот лидер…

Апсење во Царина: Заменик-директор падна со бележани…

Џ.И. вработен во Царинската управа како заменик-директор…

Ковачки: Признание за придонесот кон одбраната, продолжуваме…

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, денеска…