Кејт Мидлтон прв пат во јавноста по завршувањето на хемотерапијата

t

Кејт Мидлтон откри дека присуствувала на балетска претстава во Садлерс Велс во Лондон во четвртокот. Имено, на официјалниот профил на Кејт и Вилијам се појави објава во која таа го пофали прекрасниот настап на танчерите.

„Честитки и благодарност до англискиот национален балет и Sadler’s Wells за прекрасно моќната, трогателна и инспиративна изведба на Жизел на Акрам Кан. Креативноста на најдоброто место!“, се вели во објавата, потпишана со „C“ за Кетрин, што значи дека пораката доаѓа лично од неа.

Посетата на театарот е нејзино прво појавување во јавноста откако објави дека завршила со хемотерапија, уште еден охрабрувачки знак дека е на пат кон закрепнување. Да потсетиме, Кејт зборуваше за својата битка со ракот во трогателно видео објавено претходно овој месец.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кејт Мидлтон прв пат во јавноста по…

Кејт Мидлтон откри дека присуствувала на балетска…

(Видео) Се огласи Кејт Мидлтон: Имам рак,…

На Кејт Мидлтон, принцезата од Велс, ѝ…

Британски весник: Путин прима хемотерапија?

Рускиот претседател Владимир Путин наводно прима хемотерапија,…

Берлускони е во стабилна состојба, започна со…

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони (86), кому…