Објавено на:

ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР НА ХЕЗБОЛАХ ОСТАНА ЖИВ? „Опасна ескалација што ја менува играта“

t

Извор близок до милитантната група Хезболах рече дека генералниот секретар Хасан Насрала е „добро“ по масовниот израелски напад врз јужните предградија на Бејрут извршен попладнево, за кој израелските медиуми велат дека цел бил лидерот на групата.

– Сајед Насрала е добро – рече изворот, барајќи анонимност бидејќи тој не е овластен да зборува со медиумите.

Водечките израелски телевизиски мрежи објавија дека цел на нападот бил Насрала.

Иранската амбасада во Бејрут ги опиша нападите како „опасна ескалација што ја менува играта“, нарекувајќи ги „злосторство“ кое заслужува „соодветна казна“.

Израелското воено радио соопшти дека армијата проценува дали Хасан Насрала, генералниот секретар на Хезболах, бил во штабот кога го нападнала. Дописникот на Скај Њуз го опиша развојот на настаните како „навистина значаен“ – при што безбедноста на водачот на милитантната група се зема „исклучително сериозно“.

– Факт е дека Хасан Насралах никој не го видел во јавноста со години, кога ги прави овие јавни преноси, овие јавни говори, кои ги гледаме повремено, тие се снимаат прво на тајни локации. Кога се емитуваат, тие собираат членови и поддржувачи во училиштата и другите јавни згради и потоа го пуштаат тој пренос. И тие и либанските медиуми и светските медиуми го земаат тоа. Така се прави. Неговото обезбедување е сфатено крајно, крајно сериозно. Тие знаат дека тој е цел – вели дописникот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израел нема да прекине додека не го…

Израелската операција против Иран „нема да заврши…

Израел со 60 авиони го нападна Иран

Израелските воздухопловни сили извршија голем бран воздушни…

Израелски тенк пукал во толпа и убил…

Израелски тенкови денеска отвориле оган врз толпата…

Бугарија веќе шест месеци нема важен лек…

Повеќе од шест месеци – уште од…

Студентите поднесоа нова кривична против Вучиќ за…

Студентите кои ги блокираа правните и медицинските…