(Видео) Мециновиќ: Левица е единствена опозиција на расипничката владина политика

t

На вчерашната тензична седница за воведување втор заменик-директор на Царинска управа, Амар Мециновиќ, пратеник на Левица истакна дека Законот за царинска управа е предложен со едно единствено објаснување на предлагачите дека вака се интервенира во поголема ефикасност во царината.

– За поголема ефикасност со трет директор колега Бојан Стојановски, најстрашното е што и ти не веруваш на овие работи. Зборуваме за ефикасност воведувате три директори. За да си ги испопикате вашите функционери на директорски места! И вие на нас ќе ни продавате морални дилеми?! Вие ли ќе ми зборувате за трошење народни пари?!

Јас овде имам право да правам филибастер, ама да не се правиме луди, ова е конкретно за третиот директор на ЗНАМ, за да се задоволи вашата коалиција! Вие сте овде 58, има уште многу усти да се нахранат! Многу функции да се измислат! Пет нови министерства да се измислат, па на таа седница да се лаже дека ќе се намалат директорите и сега пак се воведуваат директори.

Тоа е работата господине Горан Карапејовски, вие имате убава плата, сега треба уште некој од ЗНАМ да добие убава плата. А, ние, на секој ваш закон ќе го правиме ова! Ако зборуваме за идеологија, вие сте либерали идеолошки, зголемувате државен апарат, тоа значи дека сте клиентелисти! Левица прави доблесна работа. На расипничка влада треба да има активна опозиција, за разлика од еве навака нема друга опозиција, има Левица опозиција. Затоа што нема друга опозиција, енергијата ви е сконцентрирана на Левица. Левица правеле ова, Левица правеле она. Левица блокира втор заменик на царина, тоа е тоа, крај, истакна Мециновиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Голем пожар во индустриската зона на…

Голем пожар избувна во индустриската зона на…

Нема повеќе да роварат одвнатре – велат…

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија објави…

Денес започнува обврската за зимска опрема

Како и секогаш, и оваа година остануваме…

Кирил Петков: Русија сака да одлучува наместо…

Русија сака да одлучува наместо нас што…

Иран соопшти дека со шест дрона нападнал…

Иранската Исламска револуционерна гарда утринава соопшти дека…