(Видео) Невремето во Србија направи хаос: се излеа Дунав, ветерот корне дрвја
Имено, како што може да се види на видеата на социјалните мрежи, водата достигна такво ниво што од водата штрчат само чадори и улични светилки.
Како што соопшти денеска Републичкиот хидрометеоролошки завод на Србија (РХМЗ), облачност со врнежи од дожд, пад на температурата и умерен и засилен северозападен ветер најпрвин ја зафати Бачка Паланка, но потоа ќе се прошири и во остатокот од Војводина.
Студениот бран преку северот на земјата пристигна во Србија, каде во некои градови температурата беше околу 15 степени.
На граѓаните им се препорачува да ги преземат сите мерки за заштита на имотот, но и себеси поради предвиденото невреме.
Значителна промена на времето утре ќе има и во Македонија, најави Управа за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Утре под влијание на влажна и постудена воздушна маса од север ќе настапи позначителна промена на времето. Од утринските часови најпрвин во северните делови, ќе има повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи. Ќе дува силен ветер (наместа над 70км/ч.) кој ќе продолжи и во понеделник.
Дневната температура значително ќе се намали (утре за 6 до 8, а во понеделник уште за дополнителни 4 до 6 степени). Потоа во следните два дена времето ќе биде сончево со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст.
Во Скопје, утре ќе има повремени врнежи од дожд, локално со појава на ретки грмежи и силен ветер.
Од четврток се очекуваат нови врнежи од дожд.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Документи и докази) Стејт департментот го нотирал…
Американскиот Стејт департмент во својот извештај за…
(Фото) Бугарскиот амбасадор Филипче, кој се обиде…
Бугарскиот амбасадор, Венко Филипче откако дословно ги…
Зеленски: Русија со синоќешните напади покажа непочитување…
Руските напади врз енергетската инфраструктура во Украина…
Крупиште и Уларци се сеќаваат на крвавиот…
-Четириесет и девет момчиња и мажи на…
Зошто дизелот е сè поскап од бензинот?
Прекините во снабдувањето, намалените залихи и силната…