Црна Гора оствари буџетски суфицит од 93,7 милиони евра!

t

Заклучно со август, наместо конзервативно планираниот дефицит, Црна Гора оствари буџетски суфицит од 93,7 милиони евра, благодарение на што вкупниот буџетски биланс е за 232 милиони подобар од планираниот, соопшти Министерството за финансии.

Од тој владин ресор рекоа дека во август продолжиле позитивните фискални движења, така што само во тој месец е остварен буџетски суфицит од 50,5 милиони евра, што е за 10,5 милиони повеќе од планираното, пренесува Мина.

Приходите за осум месеци изнесуваат 1,82 милијарди евра или 25 отсто од проценетиот БДП, што е за 137,7 милиони евра или за 8,2 отсто повеќе во однос на истиот период од претходната година“, се вели во соопштението.

Се наведува дека, споредено со планот за периодот јануари-август, приходите се надминати за 79,9 милиони евра или 4,6 отсто.

Без еднократните приходи, буџетските приходи за осум месеци од годинава во однос на набљудуваниот период лани се повисоки за 266,7 милиони евра или 17,4 отсто“, се додава во соопштението.

Министерството соопшти дека капиталниот буџет во наведениот период е реализиран во износ од 87,59 милиони евра, што претставува 78,2 отсто од планираното.

Како што додаваат, реализирани се трансфери за социјална заштита во износ од 656,96 милиони евра, што претставува реализација на планот од 98,1 отсто и во однос на истиот период од претходната година тие се повисоки за цели 127,23 милиони или 24. проценти.

Министерството посочува дека е забележан значителен пораст на данокот на добивка од 200,9 милиони евра, што е за 51,5 милиони или 34,4 отсто над планот и за 61,8 милиони или 44,4 отсто повеќе во однос на набљудуваниот период од претходната година.

„Раст е забележан и кај персоналниот данок на доход, каде приходите изнесуваат 53,4 милиони евра, што го надмина планот за 7,9 милиони или 17,3 отсто, односно 16 милиони или 42,6 отсто од приходите во набљудуваниот период минатата година“, соопшти Министерството. .

Посочија дека се реализирани придонеси во износ од 375,5 милиони евра, што е за 18,2 милиони или 5,1 отсто повеќе од планираното и за 35,9 милиони или 10,6 отсто повеќе од истиот период лани.

Се наведува дека данокот на додадена вредност е остварен во износ од 781,9 милиони евра, односно 13,4 милиони или 1,7 отсто повеќе во однос на планот и 101,6 милиони или 14,9 отсто повеќе во однос на набљудуваниот период лани.

„Приходите од акцизи во наведениот период изнесуваат 238,3 милиони евра, што е за 1,5 милиони евра или за 0,6 отсто повеќе од планираното или за 29,1 милион евра или за 13,9 отсто повеќе во однос на истиот период лани“, се вели во соопштението.

Како што наведуваат од министерството, износот на расходите од 1,73 милијарди евра или 23,8 отсто од проценетиот БДП, во однос на истиот период од претходната година, е поголем за 236,3 милиони евра или 15,8 отсто.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Црна Гора оствари буџетски суфицит од 93,7…

Заклучно со август, наместо конзервативно планираниот дефицит,…

ЕУ остварила суфицит од 9,7 милијарди евра…

Европскиот извоз во трети земји во мај…

Србија има буџетски суфицит од 5,3 милијарди…

Во првите два месеци од 2024 година,…

Рекордно висок месечен трговски суфицит во еврозоната

Месечниот трговски суфицит на еврозоната се искачи…

ЕУ во вториот квартал на 2023 оствари…

По шест последователни квартали на дефицит, трговскиот…