Политико: Вучиќ вешто балансира помеѓу Западот, Русија и Кина
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, покажа дека е умешен да балансира меѓу Западот и Русија и Кина, пишува денеска бриселскиот магазин „Политико“, наведувајќи дека шефот на државата заслужил углед на личност која без напор игра за секоја страна и во секоја ситуација.
Кога Вучиќ не е зафатен со балансирање на Западот против Русија и Кина, тој се фокусира да ги убеди гласачите дека е просечен човек, исто како и сите нив.
На почетокот на септември тој помина неколку дена со српските војници, правејќи им палачинки или варејќи џем во Подриње, каде што е планиран нов рудник за литиум. Минатата година во кампањата, потсетува Политико, направи шоу со сендвичот со мајонез и паризер во половина векна леб.
Неговата способност да му биде се на секој човек одлично му служи на геополитичката сцена, истакнува Политико и наведува дека многу се разликува од ресторанот „Салон 1905“ кој претседателот им препорачал да мора да го посетат и да ручаат.
Додворувајќи им се во исто време на Кинезите, Американците, Русите и Европската Унија, кои ја гледаат Србија како клучна фигура на глобалната шаховска табла, Вучиќ успеа да ги убеди сите дека е или на нивна страна или на прагот да се постигне договор.
Слушајќи го Вучиќ за време на интервјуто во Белград и неговото толкување на светот, станува појасно како тој успева да ги шармира, но и да ги фрустрира лидерите на државите кои се многу поголеми од Србија, додава порталот во текстот на авторот.
Како и во секој разговор со Вучиќ, беше тешко да се дојде до дното на работите, но тој беше „изненадувачки искрен“ кога го прашавме што добива Србија од Русија и Кина, со оглед на тоа што најголемите инвеститори во неговата земја се европски – Германија, Франција и Италија.
ЕУ, санкции и литиум
Како што наведува бриселскиот магазин, Вучиќ тврди дека Србија е посветена на членството во ЕУ, но сепак одбива да ги почитува санкциите што Брисел и ги воведе на Москва поради нејзината агресија врз Украина.
Во исто време, Вучиќ е многу подготвен да продава муниција на западните земји, знаејќи добро дека тие ќе направат полукруг и ќе заминат на бојното поле во Украина, наведува Политико.
Понатаму авторот на текстот се осврнува и на прашањето за литиумот, односно резервите што ги има Србија, а кои се клучни за производство на батерии за електрични автомобили.
Германскиот канцелар Олаф Шолц и европскиот комесар Марош Шефчовиќ постигнаа низа договори во јули во Белград, дозволувајќи им на европските производители на автомобили пристап до српското „бело злато“.
До моментот кога Србија ќе влезе во ЕУ, ако некогаш тоа се случи, Вучиќ ветува дека повеќе нема да биде претседател бидејќи според Уставот на Србија има право на два мандата, а вториот истекува во 2027 година.
Сепак, тој се уште ужива голема поддршка, како и неговата Српска напредна партија со 47 проценти кај населението.
Инаку во неговиот фан-клуб има и вработени во ресторанот „Салон 1905“, а келнерот кој не послужи на ручекот ни рече дека се уште немал можност да го послужи шефот на државата, иако со гордост би го направил тоа.
Кога ја побаравме сметката, ни рекоа дека ручекот е платен од кабинетот на претседателот. И покрај нашиот протест, менаџерот рече дека ништо не може да направи во врска со тоа.
-Среќно Србија, бидејќи претседателот секогаш го има последниот збор, заклучува новинарот на Политико.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Севернизација“ во Собранието: Од 41 закон се…
Владата и министерствата ја бетонираат „северна“. До…
Пожар изби во Ајфеловата кула во Париз,…
Во тек е евакуација на Ајфеловата кула…
Кривична пријава за даночно затајување за сопственик…
Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава…
Кривичен ја одби жалбата за притвор на…
Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје…
Владата со препорака Службен весник да ја…
Транспарентна влада е силна влада! Еден значаен…