Тошковски најави „Уан стоп шоп“ на граничните премини со Србија, Косово и Албанија
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави вистински „Уан стоп шоп“ на граничните премини со Србија, Косово и Албанија.
„Со години не функционира Уан стоп шоп на граничниот премин Табановце. Имав разговори со колегите од Косово и Србија, а ќе имам состанок и со министерот за внатрешни работи на Албанија. Сакаме да воведеме вистински Уан стоп систем. Сакаме нашите гранични премини да функционираат како граничните премини меѓу Албанија и Косово, односно еден полицаец да подигнува документација во рамки на контролата и во исто време да добиваат информации службите на двете држави и да дадат одобрение за излез или влез во државата. На таков начин ќе имаме вистински Уан стоп систем“, изјави Тошковски за Слободен печат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Петровска: Внатрешната контрола во МВР нарачана од…
„Овој случај не беше одолговлекуван, ниту се…
Продолжен притворот за осомничените за убиството на…
Продолжен притвор од 30 дена добија петмината…
Професорот Николовски: Ако не се открие мотивот…
Професорот за безбедност, Марјан Николовски на Универзитетот…
Докази за двете страшни убиства се записи…
Министерот за внатрешни работи во денешното „Само…
Спасовски: Откриени сторителите на двете убиства. Турција…
Ние впрочем, а и јавниот обвинител најави…