Македонија добива нов извор на гас, започна со работа терминалот Александропули
Почнува со работа терминалот за течен гас во Александропули во кој визионерски зеде учество претходната власт за стабилно снабдување на Северна Македонија со неруски гас и со количини кои ги надминуваат потребите на земјата.
Иако имаеш негодување од тогашната опозициска ВМРО-ДПМНЕ, а денеска власт сепак на крајот на март 2021 година, Северна Македонија официјално стана дел од проектот за изградба на терминалот за течен природен гас, откако беа потпишани Меморандуми за соработка на АД ЕСМ и АД Национални енергетски ресурси со компании од Грција,
Со оглед на местоположбата што ја имаме како држава и поставеноста на своевидна крстосница, со учеството на Северна Македонија во изградвата на проектот во Александропули се отвора и можноста преку нашата земја, со дополнителни интерконектори да се реализира снабдување и на земји, пред сѐ Србија и Косово, и на тој начин како држава да оствариме значителна заработка.
Од „Гастрејд“, компанијата-оператор велат дека станува збор за еден од наважните енергетски проекти на европско, регионално, национално и локално ниво и ќе придонесе за енергетската безбедност и развој, за диверзификација на изворите и рутите за снабдување со енергија на Југоисточна и Централна Европа, „надградувајќи ја улогата и важноста на Грција на модерната енергетска карта на Европа, што ја прави енергетска порта за повеќе од девет земји“.
За потребите на една претходна анализа, Рацин.мк од ЕСМ доби информација дека гасниот терминал во Александропулис, кој започна да се гради во мај годинава 2023 година, АД ЕСМ закупи 10% од капацитетот, односно за истото веќе е потпишан договор. Капацитетот на гасниот терминал ќе изнесува 5,5 милијарди nm3, од кои АД ЕСМ односно Северна Македонија ќе закупи 10%, односно 500 милиони nm3 гас од вкупниот капацитет на терминалот.
Годишната потрошувачка на гас кај нас изнесува приближно 400nm3, што говори дека државата со обезбедувањето на таа количина од гасниот терминал Александропули и со интерконекторот со Грција ќе обезбеди трајна и безбедна набавка на неруски гас, односно ќе се реши зависноста од гасот на Гаспром, односно Русија.
Владата во Грција информираше дека Европската Комисија издала извршна одлука за одобрување на финансиски придонес на Унијата во реализација на проектот „Независен систем за природен гас во Александруполи“.
Посочија дека веќе 14 грчки и меѓународни компании комерцијално учествуваат во проектот, искористувајќи го речиси целиот капацитет најмалку до 2030 година и додадоа дека паралелно „почетокот на комерцијалната работа на проектот го означува проширувањето на иницијативата Вертикален коридор, со што значително ја зајакнува својата динамика со цел да се создаде центар за трговија со природен гас во Централна и Југоисточна Европа“.
„Гастрејд“ е првата компанија во Грција која доби лиценца за независен систем за природен гас и го разви и ќе управува со проектот во Александруполи, што е кофинансиран од средства на Европскиот фонд за регионален развој на Европската Унија преку Оперативната програма „Конкурентност, претприемништво и Иновации“ во рамките на НСРФ 2014-2020 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонија добива нов извор на гас, започна…
Почнува со работа терминалот за течен гас…
Рокот за продолжување на правото на студентска…
Сите корисници кои го оствариле правото на…
Америка му се закани на Иран со…
Американскиот министер за одбрана Лојд Остин синоќа…
Руте ја презеде функцијата генерален секретар на…
Поранешниот холандски премиер Марк Руте денеска ја…
Шејнбаум ја презема функцијата – ова е…
денеска го започнува својот шестгодишен мандат како…