Преку пожарникарски скали се евакуирани повеќе од 60 лица, изгореа околу 1000 м2 во Чаир

t

Командирот на Противпожарната бригада во Град Скопје, Ѕвонко Томевски вели дека во пожарот во скопската населба Чаир изгореле околу 1000 м2. Тој и неговите колеги, како што изјави за медиумите, сè уште се борат да го изгаснат пожарот кој избувна во магацин во подрумски простории во раните утрински часови.

„Некаде околу 02:00 часот добивме дојава за пожар во подрум на улица Скупи. Станува збор за поголем простор, исполнет со различни работи. Активно работиме на запирање на горењето, но се соочуваме со висока температура, бидејќи се работи за подземен простор. Некаде околу 1000м2 е опожарениот простор. Освен еден колега кој се пожали на вдишување чад, немаме посериозно повредени колеги и граѓани кои живеат во зградата. Евакуирани се, немам целосни докази, некаде повеќе од 60 луѓе се евакуирани преку скали, додека другите кои се евакуирани низ влезовите. Не можам да им ја кажам точната бројка“, изјави Ѕвонко Томовски, командир на Противпожарната бригада во Град Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДУИ: Повторно се гради дивоградбата на државно…

„Повторно се изведуваат градежни работи на објектот…

ЦУК: Активни се четири пожари

Активни се четири од 14 регистрирани пожари…

Меџити: Чаир е само шеста општина во…

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, на…

СДСМ: Во Чаир законите не важат

Изјава, на Кети Штерјова-Советничката од СДСМ во…

Пожарите во Штип и кај Пробиштип се…

Чистење двор или спој на разлабавени електрични…