Ветерниот парк кој го промовираше Мицкоски е 100% кинеска инвестиција – Европската иднина прокоцкана за кинески јуани!
Кој навистина стои во позадина на странска директна инвестиција која помпезно ја најави Владата на Христијан Мицкоски за најголем ветерен парк во Република Македонија?
Ова прашање остана да виси во воздухот откако како прва инвестиција на новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕе вредна 500 милиони долари беше најавен ветерниот парк кој ќе се гради на тромеѓето на Штип – Радови- Карбинци.
Во рамките на Македонскиот енергетски форум (МЕФ) во Скопје, Христијан Мицкоски изјави дека станува збор за голема инвестиција која во моментов предвидува производство на приближно еден терават час електрична енергија или еден милион мегават часови, што е приближно 20 отсто од целокупното производство на електрична енергија во земјата.
Премиерот Мицкоски најави дека ветерниот парк од половина милијарда евра ќе го гради „Алказар енерџи“ со седиште во Луксембург, со советодавен тим во Дубаи.
Од македонскиот ветер, инвестиција во енергетиката за повеќе пари во македонскиот буџет. Вака на својот фејсбук-профил премиерот Христијан Мицкоски го опиша проектот за ветерниот парк на „Алказар енерџи“ со чии претставници имаше средба во Владата.
„Од овие ветерници ќе има струја за 100 000 македонски домаќинства. 55 ветерници ќе произведуваат еден терават-час електрична енергија или еден милион мегават-часа. Приближно 20 отсто од целокупното производство на електрична енергија во земјава. Нови 630 вработувања. Инвестиции за подобар животен стандард“, напиша Мицкоски на Фејсбук.
На средбата, покрај премиерот Христијан Мицкоски, од владиниот кабинет биле присутни и министерот за транспорт Александар Николоски, министерот за животна средина и просторно планирање Изет Меџити и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, а покрај претставниците од „Алказар енерџи“, како што стои во објавата на Мицкоски, присутен е и Даниел Калдерон, соосновач и управувачки партнер на „Алказар енерџи“.
Кинеска компанија е 100 процентен сопственик на Алказар енерџи
На трети септември 2021 година кинеската компанија China Three Gorges South Asia Investment (CSAIL), во конзорциум со други кинески инвеститори, го заврши 100% купувањето на Alcazar Energy Partners, една од најголемите независни компании за обновлива енергија на Блискиот Исток и Северна Африка која денес инвестира во Македонија
Алказар го потврди купувањето и истакна дека трансакцијата ќе му даде можност на CSAIL да го прошири својот бизнис и да се изложи на пазарите на обновливи извори на енергија во нови региони.
Основана пред 10-тина година , Alcazar Energy Partners со седиште во Дубаи го изгради своето портфолио од пет соларни и два ветерни проекти во Египет и Јордан, со вкупен оперативен капацитет од 411 MW
Даниел Калдерон, ко-основач и главен извршен директор на Alcazar Energy Partners, коментира: „Горди сме на она што го постигнавме во Alcazar Energy Partners со поддршка на нашите инвеститори, заемодавачи и локални власти во изминатите шест години. Во овој краток временски период, го изградивме водечкиот развивач и производител на обновлива енергија во регионот МЕНА.
„Нашите постројки помогнаа да се развие индустријата за обновливи извори на енергија во Јордан и Египет напојувајќи 275.000 домаќинства и заштедувајќи над 15,6 милиони тони CO2, а истовремено давајќи силен придонес за економскиот раст и вработувањето, особено во локалните заедници. Сигурен сум дека CSAIL ќе продолжи да им служи на нашите клиенти во Јордан и Египет според највисоките индустриски стандарди и ќе го забрза патувањето за раст на компанијата во регионот“.
САД за продорот на кинески капитал
На 4 октомври 2019-та година, Американскиот државен секретар Мајк Попео пристигна во Македонија, Охрид од каде клучната порака беше дека Македонија треба да се чува од руското влијание и кинеската технологија.
„Срцата и умовите на граѓаните треба да ја водат државата напред, а не руските ботови и тролови на социјалните медиуми. Сакам да ве предупредам за учеството на Кина во чуствителни технологии и нивната стратегија за подмитување при обезбедување на зделки. Претседателот Трамп во Обединетите нации рече дека иднината им припаѓа на суверени и независни држави, коишто ги штитат своите граѓани и ги почитуваат соседите. Северна Македонија го одразува овој дух. Ние би сакале Македонија да биде слободна и без долгови“, рече американскиот државен секретар.
Американскиот државен секретар Мајк Помпео, ја објаснуваше таа стратегија на Кина на следниот начин.
„Тоа е стратегија на масовно кинеско подмитување за договори за инфраструктурани градби“, рече Помпео за време на неговата балканска турнеја и предупреди дека некои од кинеските договори ги следат заеми, што земјите од Балканот може да ги турне во должничко ропство.
Слаб Балкан, освен на Русија, е главната цел и на Кина, порача поранешниот тогашниот помошник државен секретар на САД, Вес Мичел, во рамки на самитот на „Економист“.
“Кина ги злоупотребува пазарните закони за да се наметне како светска сила. Сето ова го прави преку Балканот, бидејќи овој регион е физичката врска помеѓу Кина и Европа“, порача Мичел.
Политика на подмитување и должничко ропство
На 11 март 2023 година Кина е обвинета дека подмитувала функционери во една пацифичка земја со коверти со готовина, бесплатни летови и алкохол во замена за давање поддршка доколку го нападне Тајван.
Наводите беа изнесени во писмо до националниот парламент од страна на претседателот на Микронезија, долгогодишен сојузник на САД во Пацификот.
Седејќи северно од Австралија и источно од Филипините, Микронезија е дел од „вториот синџир на острови“ што американските воени стратези го гледаат како критична линија на одбрана против кинескиот напредок низ Пацификот.
Писмото на Дејвид Пануело, лидерот на Сојузните држави на Микронезија (ФСМ), во извонредни детали ги опишува отворените присилни мерки и прикриените тактики на „поткуп, психолошка војна и уцена“, наводно користени од Пекинг за да ја зацврсти својата позиција.
Пред само две Шри Ланка банкротираше со долг од 51 милијарда долари поради најтешката економска криза во историјата на таа земја.
Шри Ланка е зафатена од акутен недостиг на храна и гориво бидејќи се соочува со секојдневни ограничувања за електрична енергија.
Министерството за финансии соопшти дека, пред да добие финансиска помош од Меѓународниот монетарен фонд, Шри Ланка прогласува банкрот според сите надворешни обврски, вклучително и заеми од странски земји.
„Владата презема итна мерка само како крајна мерка за да се избегне дополнително влошување на финансиската состојба“, се вели во соопштението.
Еден од главните играчи во несреќата на Шри Ланка е Кина. Пекинг е единствениот најголем доверител на Шри Ланка, со околу 10 отсто од надворешниот долг на земјата. Помеѓу 2000 и 2020 година, ѝ додели заеми од близу 12 милијарди американски долари на владата на Шри Ланка, главно за голем број на големи инфраструктурни проекти кои се претворија во бели слонови – вклучително и скапиот пристанишен објект во родниот град на Рајапаксас, Хамбантота, кој ефективно беше отстапен под кинеска контрола пред половина деценија, откако властите во Шри Ланка признаа дека повеќе не можат да ги исплатат заемите.
Меѓутоа, откако потрошија огромни суми станаа де факто доверител на поголемиот дел од светот во развој, кинеските државни банки во последниве години станаа позаинтересирани за наплата на долгови. Забавената економија дома ги ограничи апетитите на Пекинг за ризик во странство.
Но, Шри Ланка влезе во она што критичарите од Пекинг го нарекоа кинеската дипломатија на „должничката замка“. Во 2020 година, таа доби линија од 3 милијарди долари лесен кредит од Кина за да помогне во отплатата на нејзините постоечки долгови. Шри Ланка се определи за овој пат наместо да ги преземе поболните чекори за реструктуирање на своите долгови во дијалог со ММФ и притисокот за мерки за штедење.
Се чини дека тоа беше грешка. „Наместо да ги користиме ограничените резерви што ги имавме и однапред да го реструктуираме долгот, продолживме да ги плаќаме долговите додека не ги снема сите наши резерви“, рече Али Сабри, привремен министер за финансии на Шри Ланка од април до мај. Волстрит журнал. „Да бевме реални, требаше да побараме помош од ММФ најмалку 12 месеци пред тоа.
Унгарски заем или кинески кредит?
Истражувачкиот портал Vsquare објави дека Унгарија посредувала за Кина, односно била како параван, во обезбедувањето на заем од 500 милиони евра на новата влада на Северна Македонија. Овој финансиски аранжман претставува половина од вкупната сума од 1 милијарда евра што Унгарија ја обезбеди од кинески конзорциум претходно оваа година, соопштува порталот.
Договорот беше постигнат веднаш по враќањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт во мај, предводена од Христијан Мицкоски. Од страна на партијата ВМРО-ДПМНЕ беше истакнато дека заемот нема да дојде директно од Кина, туку од земја членка на ЕУ и НАТО, што предизвика неколку прашања околу вистинското потекло на средствата.
Според извештаите, Мицкоски вети дека по изборната победа на 8 мај ќе обезбеди 1 милијарда евра за економска стабилизација и развојни проекти во земјата. Заемот од 500 милиони евра претставува значителен дел од тој план, иако условите под кои е обезбеден заемот ја вклучуваат и политичката димензија на односите меѓу Унгарија, Кина и Северна Македонија.
Финансиската трансакција, која беше чувана во тајност, стана јавна во јули, кога Фајненшал Тајмс ја објави приказната врз основа на ажурираните податоци од унгарската Агенција за управување со државниот долг (ААК). Иако точните услови на заемот не беа објавени веднаш, според неодамнешните извештаи, унгарските власти се обидуваат да обезбедат транспарентност со своите кинески партнери за да ги објават целосните детали за јавноста.
Улогата на Унгарија и Кина
Унгарската влада посредуваше и обезбеди 1 милијарда евра од конзорциумот кинески банки, вклучувајќи ја и Експорт-импорт банката на Кина, како и унгарската филијала на Банката на Кина, што ја прави оваа трансакција најголем заем во должничкото портфолио на Унгарија. Ги надминува дури и 917 милиони американски долари предвидени за заедничкиот унгарско-кинески проект за продолжување и надградба на железничката линија Будимпешта-Белград. Од оваа сума, половина беше пренасочена кон Северна Македонија
Vsquare истакнува дека Унгарија првично планирала да добие уште поголем заем од кинеските банки во мај, за време на посетата на кинескиот претседател Си Џинпинг на Будимпешта. Оваа трансакција била дел од поширока стратегија за компензација на замрзнатите средства што Европската унија ги блокираше поради загриженост околу владеењето на правото, корупцијата и недостатокот на реформи во унгарското судство.
Европската унија го блокираше пристапот на Унгарија до 6,3 милијарди евра од фондовите за кохезија поради политичките проблеми во земјата. Дополнително, околу 2,5 милијарди евра од фондовите за реконструкција се замрзнати поради прашања поврзани со третманот на бегалците, дискриминацијата на ЛГБТ заедницата и ограничувањето на академската слобода во Унгарија.
И покрај овие економски предизвици, владата на Виктор Орбан успеа да обезбеди заем од кинеските банки, што предизвика реакција од страна на опозицијата и економските аналитичари, кои укажуваат на големите ризици со кои Унгарија се соочува поради овие долгови.
Заклучок
Суштината е дека Кина со сериозен капитал влегува во Република Македонија со цел остварување на својот стратешки интерес кој пред се е во Вардарската долина и кинеските пристаништа во Грција пат кој преку Србија и Унгарија треба да овозоможи продор на кинески капитал и инвестиции во најбогатиот светски пазар, а тоа е европскиот.
Забелешките на најголемиот стратешки парнер САД цитирајќи го Мицкоски се сериозни по однос на ваквиот начин на делување на Народна Република Кина, а последиците ќе бидат огромни по Македонија и нејзините стратешки интереси како што е членството во Европската Унија имајќи во предвид дека во моментов Колективниот Запад и Колективниот Исток се во дефакто Студена војна која е на раб да ескалира во отворен конфликт.
Веројатно отворањето на вратата за кинеско влијание на Балканот ќе има огромни реперкусии и по Владата на ВМРО-ДПМНЕ и по премиерот Христијан Мицкоски која е под сериозна присмотра кога станува збор за стратешкиот правец во кој ќе се движи Република Македонија особено во време на сериозни геополитички превирања.
Сепак цитирајќи ја официјалната позиција на САД по однос на кинеското влијание, митотот и корупцијата си го прави своето, а знаеме дека интересите на македонските политичари секогаш биле пред интересите на македонскиот народ изминативе 33 години.
Прашањето кое треба Мицкоски да го одговори е дали Европската иднина на Република Македонија е прокоцкана за кинески јуани?!
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
НСДП: 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100…
По повод 100 дена од изборот на…
СДСМ: По дебаклот со pаздвојyвањето на Албанија…
Раздвојувањето на Албанија од Македонија е само…
ВМРО-ДПМНЕ од инает не гласаше за нови…
„ВМРО-ДПМНЕ денес повторно докажа дека навистина нема…
Пред шест години беше најголем криминалец и…
Им нема крај на „конзистентните“ политики на…
ВЛЕН е огранок на ВМРО-ДПМНЕ“ – вели…
Блерим Беџети од ДУИ вечерва во дебатниот…