Објавено на:

Генералниот секретар на ОН е персона нон грата во Израел

t

Шефот на израелската дипломатија во средата изјави дека му забранил на генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш да влезе во земјата затоа што не го осудил „недвосмислено“ ракетниот напад на Иран врз Израел.

Иран истрела повеќе од 180 балистички проектили врз Израел во вторникот, во услови на засилени конфликти меѓу Хезболах, сојузникот на Иран во Либан, и Израел. Повеќето од проектилите беа пресретнати во воздух, но некои навлегоа во противракетната одбрана. Нема пријавени жртви.

Истиот ден Гутереш издаде куса изјава во која ги споменува само „најновите напади на Блискиот Исток“, осудувајќи ги судирите, истакнувајќи дека има „ескалација по ескалација“. Претходно истиот ден, Израел испрати свои војници во јужен Либан.

Министерот за надворешни работи на Израел, Израел Кац, рече дека неуспехот на Гутереш директно да го осуди Иран го направил непожелен во Израел.

„Оној кој не може недвосмислено да го осуди грозоморниот напад на Иран врз Израел, како што направија речиси сите земји во светот, не заслужува да стапне на израелска почва“, рече Кац.

„Израел ќе продолжи да ги брани своите граѓани и да го зачува националното достоинство, со или без Антонио Гутереш“, додаде тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Родители на починатите во пожарот во Кочани…

Родители на починатите во пожарот во клубот…

(Видео) Хаос во Тел Авив: Улици покриени…

Сцени на страв, хаос и вознемиреност ја…

Државата беше побавна затоа што мора да…

Нормално е граѓанскиот сектор да биде побрз…

Земјотрес во Македонија

Земјотрес со јачина од 3,8 степени според…

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…