Иранскиот претседател: Ако ционистите не ги запрат злосторствата ги чекаат пожестоки реакции
Претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан, порача дека Израел мора да ги запре своите злосторства или го чека пожестоки реакции.
Ваквата изјава на Пезешкијан доаѓа еден ден откако Иран истрела речиси 200 ракети врз Израел, како одговор на израелските убиства на лидерите на Хамас и на Хезболах, Исмаил Ханија и Хасан Насралах, како и иранскиот генерал Абас Нифорушан во Либан.
Пезешкијан отпатува за Катар на Самитот Дијалог за азиска соработка, каде што ќе разговара за билатералните односи помеѓу двете држави и ќе потпише договори со катарската Влада.
Втората цел е да се разговара за тоа како азиските земји можат да ги спречат израелските злосторства во регионот и да ги спречат да почнат хаос на Блиски Исток, наведе Пезешкијан.
По синоќешниот ирански напад, премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху изјави дека Иран направил „голема грешка“ и оти „ќе плати за тоа“.
Иран синоќа вторпат во рок од шест месеци го нападна Израел. На 13 април Иран истрела беспилотни летала и проектили кон Израел како одмазда за израелскиот напад врз Конзулатот на Иран во Дамаск, при што загинаа 13 лица, меѓу кои и седум офицери на Револуционерната гарда. Според Техеран нападот врз Израел бил легитимна самоодбрана за уништениот Конзулат и убиените ирански офицери во Сирија.
Пезешкијан додаде дека синоќешниот напад е „одлучен“ одговор против агресијата на Израел.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иранскиот претседател: Ако ционистите не ги запрат…
Претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан, порача дека…
Специјално противпожарно армиско возило се вклучува во…
Пожарот во станбената зграда во скопски Чаир…
Што најмногу слушале Македонците во 2023 година?…
Што најмногу слушале Македонците во изминатата година…
Вработен во казино се занел на апарати,…
Тетовската полиција поднесе кривична пријава против 31-годишнот…
Израелската војска: Иран успеа да ги погоди…
Израелската војска (ИДФ) соопшти дека Иран успеал…