Утре ден на жалост во Прилеп поради трагичната сообраќајка

t

Поради трагичната сообраќајна несреќа на магистралниот пат Прилеп-Битола, претседателот на Советот на општина Прилеп за 18 часот закажа вонредна седница на Советот со единствена точка на дневниот ред – Предлог-одлука за прогласување на ден на жалост во Прилеп.

Согласно предлогот, утрешниот ден, петок 4 октомври ќе биде прогласен за Ден на жалост.

Три лица загинаа, а едно е повредено во верижен судар на автомобил и камион на автопатот Прилеп-Битола. Двајца лекари и еден медицински техничар загинале на одење кон работа во приватна здравствена установа во Битола.

По судирот избувнал пожар кој еден час го гаснеле три противпожарни возила.

Сообраќајката се случила изутрина околу 7 часот и 45 минути. До несреќата дошло при директен судир на патничко возило со прилепски регистарски таблички кое се движело кон Битола и камион кој сообраќал во спротивна насока. Од силината на ударот двете возила се запалиле.

До овој момент делницата на патот Прилеп-Битола се уште е забранета за сообраќај, и сообраќајот се пренасочува по алтернативни патишта

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Утре ден на жалост во Прилеп поради…

Поради трагичната сообраќајна несреќа на магистралниот пат…

Во Прилеп приведено лице барано со потерница

На плоштадот „Методија Андонов Ченто” во Прилеп…

Двајца малолетници повредени во две тешки сообраќајни…

На 18.09.2024 во Полициската станица Прилеп било…

Дождот ги стави под контрола пожарите во…

Во текот на ден сабота, 07.09.2024 година,…

Девет активни пожари до 13 часот денеска…

Во текот на денешниот ден, сабота, 07.09.2024…