Објавено на:

Вучиќ: Доволно е БиХ да ни каже и веднаш испраќаме хеликоптери, чамци…

t

рбија е подготвена на секој начин да му помогне на населението загрозено од поплавите во Босна и Херцеговина, изјави претседателот на Србија, Александар Вучиќ и упати сочувство до семејствата на загинатите.

Најмалку 18 лица загинаа, а се стравува дека бројот на жртви ќе се зголеми откако обилните врнежи во областа Јабланица и Коњица во текот на изминатата ноќ предизвикаа поројни поплави, одрони и свлечишта, со голем број жртви и исчезнати лица.

По отворањето на обиколницата на патот околу Горњи Милановац, Вучиќ на новинарите им изјави дека Србија е подготвена да помогне со хеликоптери, чамци, како и со сите други форми на поддршка и финансиска помош.

„Доволно е да ни кажат и веднаш ќе го направиме тоа. Испратија спасувачи и чамци во Обреновац (за време на поплавите во 2014 година) и ние сме им благодарни за тоа“, рече Вучиќ изразувајќи сочувство до семејствата на жртвите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Добро е што Мицкоски сфатил дека…

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче преку својот…

Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…

Канада објави нов пакет одбранбена помош за…

Мицкоски ја направи Македонија понижена, наместо горда

Мицкоски ветува промени кои наводно ги направил…

Крвав хорор со ножеви во Чаир –…

Во крвава тепачка во која биле користени…

СДСМ: За врховистот Мицкоски, Македонија е кауза…

ВМРО-ДПМНЕ не е никакво продолжение на историското…