(Видеo) ВНИМАВАЈТЕ! За 24 часа со 20% од новите камери во Скопје фатени над 2000 возачи кои возеле над дозволената брзина

t

Панче Тошковски во „Дејли Клик“ на ТВ21 откри колку возачи биле фатени во тест периодот на новите камери. Тошковски кажа дека камерите работат, и дека во тестиран период биле фатени многу возачи со брзина 30 километри на час над дозволената.

„Мислам дека е многу поважно да спасиме човечки живот. Најмал проблем дали на фотографијата ќе открие друго лице. Камерите работат, не дека не работат. Поставување на камерите е добар проект. Дај Боже да го имплементираме 3-4-5 години поназад, па ние денеска да не говориме на таа тема, ниту од криминалистички аспект ниту од сообраќаен аспект. Ако било имплементирано порано, денеска ќе зборувавме за намален криминалитет или сообраќајки“, рече Тошковски

Тој додаде:

„Од прилика некаде околу 25-30% кои треба да се постават на територија на Град Скопје се поставени, и тест анализата која беше направена во насока на констатација на сообраќајни прекршоци, и тоа само над 30 км на час поголема брзина, вкупната бројка на прекршоци беше над 2000 возачи кои возеле над дозволената брзина за 24 часа. И тоа со 20% капацитет од камерите. Замислете која ќе е вкупната бројка на дневна особа доколку бидат поставени сите камери на територија на Град Скопје, Куманово, Тетово, и ако се лови со само над 10 километри на час. Таа бројка би била над 20.000 за 24 часа“, рече Тошковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видеo) ВНИМАВАЈТЕ! За 24 часа со 20%…

Панче Тошковски во „Дејли Клик“ на ТВ21…

„Јас мирно си спијам, и граѓаните мирно…

„Јас мирно спијам, така да можат и…

Водата во Гостивар повторно не е безбедна…

Од ЈП „Комуналец“, претпријатието кое раководи со…

Aпасиев се сретна со рускиот амбасадор: Левица…

ПРАТЕНИЦИТЕ НА ЛЕВИЦА ОСТВАРИЈА СРЕДБА СО РУСКИОТ…

Вучиќ: Доволно е БиХ да ни каже…

рбија е подготвена на секој начин да…