Синоптичарите со вонредни најави за времето, дождот почна – Метеоцентар со детална прогноза
Под влијание на циклонска активност денес и во деновите од викендот времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни денес во западните (над 30 л/м2), а утре во источните делови. Локално ќе бидат во форма на невреме, проследени со грмежи и засилен ветер кој ќе дува повремено и со брзина од над 70 км/час.
Потоа времето ќе биде стабилно со пораст на дневната температура.
Прогноза за 06.10.2024
Минимална температура: 7°C до 16°C
Максимална температура: 17°C до 24°C
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд претежно во северните делови, проследени со појава на грмежи и засилен ветер.
Прогноза за 07.10.2024
Минимална температура: 5°C до 15°C
Максимална температура: 18°C до 25°C
Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието.
Прогноза за 08.10.2024
Минимална температура: 2°C до 10°C
Максимална температура: 20°C до 26°C
Сончево со мала до умерена локална облачност која попладне ќе се зголемува . Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Извор: Центар
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сашко Кедев продолжува да освојува врвови над…
Македонскиот кардиолог Сашко Кедев оствари уште еден…
Синоптичарите со вонредни најави за времето, дождот…
Под влијание на циклонска активност денес и…
Филипче бара затворена седница, сакал да го…
Претседателот на СДСМ Венко Филипче го повика…
Американците нападнаа
Американски официјални лица изјавија за Асошиетед прес…
(Видеo) ВНИМАВАЈТЕ! За 24 часа со 20%…
Панче Тошковски во „Дејли Клик“ на ТВ21…