Ураганот „Кирк“ оди кон Европа, опасноста е голема
Ураганот Кирк се формираше во срцето на Атлантскиот Океан и го достигна статусот на бура од четврта категорија за само еден ден. Метеоролозите предупредуваат дека Кирк ќе стигне до Европа преку Атлантикот, а Велика Британија и Франција може да бидат погодени од овој ураган.
Кирк во четвртокот беше намален на ураган од четврта категорија, а брановите од системот би можеле да предизвикаат опасни по живот услови овој викенд долж источниот брег на САД, како и Бермудите, Големите Антили и Бахамите, соопштија синоптичарите.
Ураганот Кирк се формираше во централниот дел на Атлантскиот Океан и може дополнително да зајакне во текот на следниот ден, но се очекуваше да се држи подалеку од копното, соопшти американскиот национален центар за урагани со седиште во Мајами.
Преку Атлантскиот Океан овој ураган ќе стигне и до Европа, велат метеоролозите. Ќе погоди локации како што се Обединетото Кралство и Франција, со обилни врнежи од дожд, немирно море и штетни налети на ветрови.
Прогнозите кажуваат за промени кои ќе бидат актуелни до крајот на идната недела, но ураганот ќе го загуби својата сила и ќе стане како посттропски циклон. Тој ќе придонесе само за обилни врнежи и силни ветрови во западниот дел на Европа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ураганот „Кирк“ оди кон Европа, опасноста е…
Ураганот Кирк се формираше во срцето на…
Најмалку 78 лица загинаа од ураганот Ијан…
Смртниот биланс од разорниот ураган Ијан со…
Јужниот дел од Мексико погоден од ураганот…
Агата, најсилниот ураган во историјата, што во…