Ројтерс: Хашeм Сафиедин, кој требаше да биде нов лидер на Хезболах, од вчера е недостапен
Хашем Сафиедин, кој требаше да биде избран за нов лидер на либанската милитантна група Хезболах, од вчера е недостапен, изјави денеска за Ројтерс извор од либанските безбедносни сили.
Тројца либански безбедносни извори изјавија дека спасувачите не можеле да стигнат до местото во јужните предградија на либанскиот главен град Бејрут, што вчера беше бомбардиран додека израелските воздушни напади продолжија.
Изворите наведуваат дека постои сомневање дека Сафиедин вчера бил убиен во напад врз јужните предградија на Бејрут.
ИДФ соопшти дека ноќеска го нападнала разузнавачкиот штаб на Хезболах, во голем воздушен напад врз Бејрут.
Њујорк Тајмс и американскиот портал Аксиос објавија дека цел на израелскиот напад на Бејрут бил Хашем Сафиедин, кој треба да биде избран за нов лидер на Хезболах откако Хасан Насрала беше убиен во израелски напад врз Бејрут на 27 септември, пренесе „Тајмс оф Израел“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израел го уби шефот за финансии на…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) и Шин Бет…
Кац: Израелската армија е подготвена да ја…
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац во…
40.000 БОМБИ ОД ЕДЕН ТОН: Трамп одобри…
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја…
Израел уби висок командант на Хамас во…
Израелската армија во петокот соопшти дека убила…
Израел да се повлече од Либан, а…
Иранската револуционерна гарда денеска соопшти дека војната…