(Фото) ВЛЕН се фали дека го бојкотирале Вучевиќ, ВМРО-ДПМНЕ не реагира
Министри од ВЛЕН денеска не присуствуваа на пречекот и средбите на Владата на Република Македонија со српскиот премиер Милош Вучевиќ.
На пречекот на Вучевиќ присуствуваа речиси сите министри во Владата, освен министрите од коалицијава Вреди кои го бојкотираа српскиот премиер, а на социјалните мрежи се појавија и фотографии со споредба од порано и сега.




– Денеска имавме значајна и искрена средба со премиерот на Република Србија, господинот Милош Вучевић .
Разговаравме за начините како да ја продлабочиме економската соработка, како да ги поврземе нашите луѓе и како да создадеме можности за идните генерации кои доаѓаат.
Посебно ја истакнавме важноста од изградбата на гасниот интерконектор којшто ги поврзува или ќе ги поврзува во иднина двете земји, како и за изградба на брзата пруга којашто е дел од Коридорот 10, којашто претставува стратешки приоритет на нашата Влада исто како што е и Коридорот 8.
Како македонска Влада нашата ориентација е да градиме добрососедски односи со сите наши соседи и заеднички како регион да бидеме дел од Европска Унија. – напиша Мицкоски на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Брлогот открива уште една агенција за обезбедување…
Благојчо Георгиевски бара од Министерството за внатрешни…
Нови кандидати за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ
Во Штип вечерва, ВМРО-ДПМНЕ го одржа своето…
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ „контра премиерот“ и програмата:…
ВМРО-ДПМНЕ нема никаков проблем да поддржи една…
(Видео) Мицкоски го знаел Нацев „само од…
Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција во владата,…
СДСМ: „Журка со факли среде жалост: Како…
Додека цела Македонија тагува по трагедијата во…