Ќе ги испорача ли Приштина осудените за „Монструм“? Косовската влада вели дека чека на Обвинителството

t

Денес министерот за правда Игор Филков остварил работна средба со министерката за правда на Република Косово, Албулена Хаџиу, во Приштина, соопшти неговиот кабинет.

На средбата се разговарало на повеќе теми кои се од интерес на двете држави. Било дискутирано и за две отворени прашања од интерес на двете земји – од кои едното е случајот „Монструм“, за кој од косовска страна било презентирано дека барањата за екстрадиција се процесуирани од страната на Јавното обвинителство и дека веднаш откако ќе биде донесено решение или ќе имаат конкретни информации, ќе ги проследат до Министерството за правда на Република Македонија.

„Во однос на нивните барања за случајот „Диво насеље“, министерот Филков посочи дека сите предмети се земени во работа и дека се постапува со нив согласно националното законодавство и сите меѓународни стандарди“, се вели во соопштението.

Косово досега одбиваше да ги испорача во Македонија Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, кои и двајцата се осудени на доживотен затвор за петкратното убиство кај Смилковското Езеро во 2012 година.

Двајцата министри ја искажале својата определба да продолжи соработката помеѓу двете институции во насока на остварување на заедничките заложби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кина меѓу главните земји од кои се…

Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…

Амбасадата на САД во Приштина му се…

В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

Србија е загрижена поради поддршката на Црна…

Српското Министерство за надворешни работи изрази загриженост…

Косово ќе прифати до 50 мигранти од…

Косовската влада денес одлучи да прифати до…