Објавено на:

Доларот падна од високите нивоа, нафтата поевтини по остриот скок

t

На валутните пазари вредноста на американскиот долар во однос на кошницата валути во вторникот во претпладневното тргување се лизна од највисоките нивоа во последните седум седмици.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладневно се движи околу 102,40 поени, додека вчера во истиот период од тргувањето изнесуваше 102,50 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 148,45 на 147,80 јени.

Американската валута, исто така, ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0980 долари, додека вчера во истото време изнесуваше 1,0970 долари.

Цените на нафтата, пак, остро паднаа по вчерашниот силен раст. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево се намали за 1,47 отсто, на 79,75 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 1,54 отсто, на 75,95 долари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Британија привремено го повлекува целиот персонал од…

Велика Британија соопшти дека привремено го повлекува…

Босна и Херцеговина привремено ги затвора амбасадите…

Заедничките институции на БиХ започнаа подготовки за…

Одморалиштето на Пониква утре ќе прими пациенти…

Одморалиштето на Пониква утре ќе прими пациенти…

Рокас без предвидување за извештајот на ЕП:…

Евроамбасадорот Михалис Рокас рече дека не може…

Просечната нето плата во април 45.452 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во…