(Видео) Македонија се федерализира во мандатот на Мицкоски: Албанскиот амбасадор дели албански учебници во македонско училиште, ги учи децата како да го „летаат орелот“
Шокантна снимка од албанскиот амбасадор во Македонија, Денион Мајдани се појави на социјалните мрежи, снимка на која се гледа како тој се меша директно во внатрешните работи на државата односно образовниот систем.
Имено Мајдани во основно училиште во Тетово, заедно со градоначаникот Биљал Касами од Влен им поделија на дечињата албански учебници.
Ваквата постапка упатува дека министерството за образование на Република Македонија на чело со министерката Весна Јаневска има изгубено целосна контрола врз образовниот процес во половина држава, односно во сите училишта во кои учениците од прво одделение учат на албански јазик.
Односно образовната програма повеќе не ја креира министерството за образование туку странска држава, Република Албанија.
Веројатно ова е клучниот чекор кон федерализација на државата, односно децентрализација на образовниот процес со што се остава на локалната власт да го диригира образовниот процес во локалните единици.
Не постои држава во светот која што дозволила образовниот процес да и го креира друга држава или пак да биде оставен на локалната власт затоа што изградбата на свеста кај младите и целокупниот светоглед се креира токму во тој период од животот. Образованието е од стратешки и национален интерес за државата!
Но тоа не е се. Имено Мајдани ги учеше децата како да го летаат орелот, односно да го покажуваат симболот на Голема Албанија.
Владата: “Остваруваме”! pic.twitter.com/9RUjtiF6au
— Green Area🇲🇰 (@Osterma13987862) October 8, 2024
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски неодамна ги прими копиите на акредитивните писма од новоименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Албанија Денион Меидани.

Посакувајќи му успешна мисија на новиот албански амбасадор, министерот Муцунски изразил задоволство од билатералната соработка меѓу двете земји и увереност дека амбасадорот ќе даде значаен придонес во натамошното продлабочување на пријателските односи меѓу двете држави.
Прашањето е дали Муцунски денеска ќе реагира и ќе испрати демарш до Република Албанија или ќе молчи како со примерот кога албанската претседателка на Собранието се вмеша директно во внатрешните работи на државата?!
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Aмериканците кренаа раце од нас? Хил: САД…
Поранешниот амбасадор на САД во Србија смета…
„Вината за Кочани е во врвот на…
„Речиси четири месеци, Мицкоски и Тошковски се…
Тошковски: Ја намаливме стапката на криминал во…
Панче Тошковски, министер за внатрешни работи, во…
(Видео) Снимен земјотресот во Охрид утринава
Краток, но силен земјотрес утрово во 04:35…
„Кој е следен“ за изјавата на Мицкоски:…
Од граѓанската иницијатива „Кој е следен?“ испратија…