Дали навивачите на Интер се поврзани со италијанската мафија „Ндрангета“?

t

Симоне Инзаги, тренерот на италијанскиот фудбалски клуб Интер, дал изјава во полиција како дел од истрагата за врските меѓу навивачки групи и криминални организации, пренесуваат италијанските медиуми. Инзаги е сослушан како сведок.

Минатата недела италијанската полиција уапси 19 навивачи на Интер и Милан, од кои многумина се осомничени за врски со калабриската мафија „Ндрангета“.

Налогот за апсење е составен на 568 страници. Содржи детали за телефонскиот разговор помеѓу лидерот на навивачите на Интер, Марко Федерико и Инзаги пред почетокот на финалето на Лигата на шампионите во 2023 година. Тој побара од тренерот да лобира кај директорите на клубовите за повеќе билети за поддржувачите на неговата навивачка група.

Според италијанските обвинители, двата тима не се одговорни страни во истрагата, но мора да ја преиспитаат нивната политика за активности поврзани со навивачите, како и нивната деловна структура, со цел да се избегне инфилтрација на осомничени во криминал.

Интер не го коментираше случајот. Претседателот Џузепе Марота рече дека клубот соработува со властите

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шокантни детали од „енергетското примирје“ на Трамп:…

Таканареченото „енергетско примирје“ што американскиот претседател Доналд…

Русија не прифаќа примирје со Украина: Пропаѓа…

Русија засега не потврдува дека прифатила какво…

Иран го оцени американскиот одговор за Ормускиот…

Иран го оцени како недоволен американскиот одговор…

Републиканци против Трамп: Договорот за руски дизел…

Договорот на американскиот претседател Доналд Трамп за…

Американските медиуми: Трамп е многу – многу…

Американскиот претседател Доналд Трамп е силно незадоволен…