Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип
Преку веб-страницата vakcinacija.mk, од денеска започна пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип за ризичните групи од населението, информираат во Министерството за здравство. Набавени се 70.000 дози четиритипна вакцина против сезонски грип.
„Пријавувањето се врши со пополнување на апликација. На тој начин, директно се регистрирате за вакцинација во системот Мој Термин. Согласно распоредот предвиден во планот за вакцинација, преку смс ќе добиете повратна информација за точниот датум, час и место кога треба да се вакцинирате“, велат оттаму.
Со бесплатна вакцинација се опфатени следните ризични групи: повозрасни лица (над 65 години), лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до 5 години, како и лица сместени во установи за социјална заштита на стари лица и вработените во установи за социјална заштита на стари лица. Потсетуваме дека вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна мерка за превенција, која спречува појава на потешки форми на грип, компликации и смртен исход, особено кај ризичните групи, додаваат од МЗ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: Каракачанов посоодветно е да ги покани…
Во однос на поканата на Каракачанов до…
Макрон и Санчез го поддржуваат можното враќање…
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека…
Бугарија стана светски лидер во складирање струја…
За помалку од две години, Бугарија стана…
Се запали стан во Скопје, 11-годишно девојче…
Единаесетгодишно девојче вчера било пренесено во Комплексот…
Советот на Европа прими 195.000 барања за…
Регистарот на штети во Украина, отворен поради…