И Македонија и Србија бараат помош од ЕУ за справување со илегалната миграција

t

И Македонија и Србија за проблемот со илегалната миграција бараат помош од Европската Унија, бидејќи најголемиот дел од мигрантите доаѓаат токму од ЕУ. Во Македонија тие доаѓаат од Грција, додека во Србија пак над 50% доаѓаат од Бугарија. Потребна е логистичка, техничка и финансиска помош од Унијата, се сложија двајцата министри за внатрешни работи на Македонија и Србија на денешната средба во Куманово.

– Навистина многу направивме вкупниот број на илегалните мигранти да се намали и добивме пофалба за тоа и од страна на Европската комисија и од ЕУ. Но, и Северна Македонија и Србија го имаат тој проблем, а тоа дека нас мигрантите ни доаѓаат всушност од Европската унија. Целата ЕУ се жали дека доаѓаат мигранти од други краеви во ЕУ, а ние имаме специфична ситуација да ни доаѓаат токму од ЕУ. Така што, ЕУ мора да ни помогне да го решиме тоа прашање. Тоа прашање некогаш е и организациски, и физички и финансиски. Потребни ни се финансии за реализација на овие проекти, потребна ни е логистичка помош во смисла на опрема за такво нешто, изјави Ивица Дачиќ, вицепремиер и министер за внатрешни работи на Србија.

– И во Македонија илегалните мигранти влегуваат од земја членка на ЕУ. Помош е потребна во овој дел и ја добиваме. Слободно можам да кажам огромна благодарност до ФРОНТЕКС коишто се поставени на јужната граница и помагаат значително во рамки на сето она коешто значи работа на гранична полиција. Но, секогаш поддршката е добредојдена особено во делот на имплементација од аспект на технички решенија коишто ни се потребни и тоа како – ја добиваме, но секогаш би било подобро кога би имале што повеќе технички средства коишто би ни биле ставени на располагање, вели Панче Тошковски, министер за внатрешни работи на Македонија.

Покрај илегалната миграција, двајцата министри разговараа и за намалување на гужвите на заедничката граница, особено во летниот период и кога би профукнционирал “one stop” системот, за што министерот Тошковски увери дека пред следната летна сезона веќе би требало да започне да функционира.

На средбата се разговараше и за зајакнување на меѓусебната соработка, но и работата на полицијата на двете земји во борбата против тероризмот и криминалот, како и шверцот на дрога и наркотици.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И Македонија и Србија бараат помош од…

И Македонија и Србија за проблемот со…

По заминувањето на Тачи, Села тврди дека…

Политиката е даден збор и сите пратеници…

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

Преку веб-страницата vakcinacija.mk, од денеска започна пријавувањето…

Која е Марија Митева – новата портпаролка…

Марија Митева е нов портпарол на Владата.…

Авион на „Ер Србија“ полета од Бејрут…

Авион на „Ер Србија“ полета од аеродромот…