Шкотски предавач ненадејно почина за време на Школата за млади лидери во Охрид

t

Ненадејно почина предавач од Шкотска за време на 15. издание на Школата за млади лидери во Охрид.

Според информациите, му се слошило и паднал додека држел предавање, а неофицијално починатиот е британски државјанин роден 1954 година односно имал 69 години.

Министерството за внатрешни работи ја потврди веста за САКАМДАКАЖАМ и најави дека ќе се испитаат причините за неговата смрт.

Според МВР, во СВР Охрид денеска во 15.30 часот било пријавено, а странскиот државјанин починал во хотелот „Инекс Горица“.

Итната медицинска помош, полицијата и основниот јавен обвинител утврдиле смрт, а ќе следи обдукција за утврдување на причините.

На овогодишната школа учествуваат околу 40 млади лидери, од кои една третина се странци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шкотски предавач ненадејно почина за време на…

Ненадејно почина предавач од Шкотска за време…

Поднесено обвинение за дивоградба во Охрид

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство…

Претреси во Охрид, едно лице е приведено…

Полициски службеници од СВР Охрид и од…

Орбан доаѓа во Охрид во четврток и…

Унгарскиот премиер Виктор Орбан заедно со делегација…

Се запали угостителски објект во центарот на…

Се запали угостителски објект во центарот на…